Линкови за пристапност

Путин бара еднонеделно затворање на работните места во борба против ковид-19


Русија денес објави рекордно висок број од 1.028 смртни случаи од коронавирус, што е најголем дневен број од кога започна пандемијата

Зголемените случаи на ковид-19 како и смртни случаи поврзани со нив, го натераа рускиот претседател Владимир Путин да го одобри предлогот на Кабинетот за еднонеделно затворање на работното место.

Русија денес објави рекордно висок број од 1.028 смртни случаи од коронавирус, што е најголем дневен број од кога започна пандемијата, со што бројот на жртви во земјата се искачи на 226.353, највисок во Европа.

Путин на телевизиска средба со владини претставници рече дека вработените ќе добијат „неработни денови“ од 30-ти октомври до 7-ми ноември, за време на кои тие се’ уште ќе примаат плати. Тој рече дека периодот, во кој четири од седумте дена се државни празници, може да започне порано или да се продолжи во одредени региони.

Секојдневните смртни случаи од коронавирус во Русија се зголемуваат со недели наназад поради слабите стапки на вакцинација, мерките на претпазливост и колебливоста на владата да ги заостри ограничувањата.


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека изгледите се „многу тажни“, посочувајќи дека стапките на вакцинација во различни региони се особено ниски.

Околу 32 отсто од скоро 146 милиони луѓе во Русија се целосно вакцинирани, иако тоа беше првата земја во светот во август 2020-та година што одобри вакцина против коронавирус и имаше на располагање вакцини во изобилство.

Во јули, Русија стана една од првите земји во светот што започна кампања за ревакцинација, но Кремљ во средата соопшти дека Путин допрва треба да прими засилувач или трата доза на вакцина.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG