Линкови за пристапност

Колин Пауел веруваше во членството на Македонија во НАТО, објави ОМД


Поранешниот државен секретар на САД Колин Пауел, кој во понеделникот почина од компликации од ковид-19, беше пријател на Македонија кој се залагаше за промоција на демократските вредности, меѓународната безбедност и економскиот просперитет, објави Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во сеќавање на Пауел.

„Една недела од неговата улога како државен секретар во 2001-та година, неговото внимание се сврте кон новоформираната македонска држава, која беше нападната од терористичка група. Тој ја посети Македонија во април 2001-та година за да ја нагласи посветеноста на САД кон Македонија. За време на состанокот во мај 2001-та година со македонскиот претседател Борис Трајковски во Вашингтон, секретарот изрази солидарност со Македонија целосна посветеност на Соединетите држави кон територијалниот интегритет на Македонија, посветеност кон оваа демократија која се соочува со кобни и кукавички дејствија од терористи и терористички организации кои се обидуваат да го поништат демократскиот процес во Македонија“, објави ОМД, додавајќи:

„Секретарот Пауел призна дека грчкото прашање со името на Македонија има длабоки геополитички последици за регионот. Тој имаше инструментална улога во промената на американската политика за признавање на нашата татковина по уставното и вистинското име - Република Македонија на 4 ноември 2004 година“.

Во изјавата се нагласува дека „секретарот Пауел цврсто веруваше во политиката на отворени врати на НАТО и го предводеше потпишувањето на Американско-јадранската повелба во мај 2003-та година, обединувајќи ја Македонија со Албанија и Хрватска за да ги подготви и да изврши притисок за нивното евентуално полноправно членство во НАТО”.

Армиски генерал со четири ѕвезди Пауел беше претседател на Генералниот штаб во времето на Џорџ Буш постариот. Како умерен републиканец и прагматичар тој беше државен секретар на САД за време на администрацијата на Џорџ Буш.

Паул беше висок дипломат на САД од 2001 до 2005 година за време на првиот мандат на републиканскиот претседател Џорџ Буш помладиот.

Буш изјави дека тој и поранешната прва дама Лора Буш се „длабоко растажени“ поради смртта на Пауел.

„Тој одлично му служеше на народот, почнувајќи од неговото време како војник во Виетнам. Многу претседатели се потпирале на советите и искуството на Пауел. Тој им беше омилен на претседателите и двапати беше одликуван со Претседателски медал на слободата. Беше многу почитуван дома и во странство“, изјави Буш.

Пауел важеше за умерен републиканец и прагматичар. Тој размислуваше да влезе во трка за претседател против Клинтон во 1996 година, но, одлучи да не го направи тоа бидејќи неговата сопруга Алма беше загрижена за неговата безбедност.

Во 2008 година тој јавно го поддржа демократскиот претседателски кандидат Барак Обама, кој потоа стана првиот црн претседател на САД.

Пауел имаше клучна улога пред две децении во некои од клучните воени конфликти на државата.

Во телевизиско интервју тој ја опиша поддршката за американската инвазија на Ирак како „дамка“ во неговата кариера. САД не открија оружје за масовно уништување во Ирак.

„Секогаш ќе биде дел од моето наследство“, рече тој, додавајќи:

„Беше болно. Болно е и сега“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG