Линкови за пристапност

Северна Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за членство без одлагање – заедничка изјава на САД и ЕУ


Северна Македонија и Албанија треба да ги започнат преговорите за членство без одлагање, Западниот Балкан припаѓа во Европската Унија. Ова, меѓу другото, се наведува во заедничката изјава на американската Влада и на Европската Унија.

Во продолжение целосниот текст.

„По неодамнешниот состанок меѓу државниот секретар Ентони Блинкен и високиот претставник Борел, Соединетите Држави и Европската Унија се согласија на натамошно зајакнување на нивната заедничка вклученост во Западниот Балкан и во поддршката на напредокот на регионот на неговиот европски пат.

Ја подвлекуваме нашата целосна поддршка на процесот на проширување на ЕУ. Пристапувањето кон ЕУ кое е нагласен приоритет за целиот Западен Балкан помага во консолидирањето на демократските институции, во заштитата на основните права и во напредокот на владеењето на правото. Овој регион припаѓа во Европската Унија. Поголемата интеграција ќе ја подобри стабилноста и ќе придонесе за просперитетот на луѓето од регионот.

Пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија треба да започнат без одлагање.
заедничка изјава на американската Влада и на Европската Унија.

Во овој контекст потенцираме дека пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија треба да започнат без одлагање.

Соединетите Држави и Европската Унија се обединети во нивната поддршка за територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и во нивните заеднички напори за промовирање изборни и уставни реформи и за одржување на функционалноста на државните институции. Сериозно сме загрижени поради зголемувањето на реториката на поделби во Босна и Херцеговина. Ги повикуваме сите страни да ги почитуваат и штитат државните институции, да продолжат со конструктивниот дијалог и да преземат чекори за напредок по патот на интеграција во ЕУ, вклучително и со релевантни реформи. ЕУ и САД се овде да ги олеснат тие чекори.

Дијалогот поддржан од ЕУ е клучен механизам за сеопфатна нормализација на односите меѓу Србија и Косово.
заедничка изјава на американската Влада и на Европската Унија.

Го потенцираме значењето на дијалогот поддржан од ЕУ, кој е клучен механизам за сеопфатна нормализација на односите меѓу Србија и Косово. По тензиите изминативе недели на северот на Косово, ги охрабруваме двете страни да се вклучат во континуирана и одржлива деескалација и да избегнуваат чекори кои се закануваат на стабилноста. Го поздравуваме и го поддржуваме ангажманот на Косово за борба со корупцијата и организираниот криминал и потенцираме дека насилството врз цивили, новинари, полицајци и други претставници на власта е неприфатливо.

Повикуваме сите политички сили во Црна Гора да работат заедно на одржување на стратешката ориентација која ја рефлектира желбата на луѓето во Црна Гора да се постигнат неопходните реформи со кои надежите за иднина во ЕУ ќе станат реалност“ се наведува во заедничката изјава на владата на Соединетите Држави и на ЕУ.

XS
SM
MD
LG