Линкови за пристапност

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во посета на Еквадор и Колумбија


Освен за демократските и човековите права, друг главен фокус на патувањето на Блинкен ќе биде миграцијата и заштита на животната средина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, денес треба да одржи обраќање во Еквадор, за како што Стејт департментот ги нарекува „предизвиците со кои се соочуваат демократиите во регионот“, пред да отпатува во соседна Колумбија на разговори со тамошните лидери.

Во соопштението од Стејт департментот се вели дека говорот на Блинкен ќе биде насочен кон тоа „колку инклузивните и одговорни демократски институции“ можат да спроведат економски политики кои нагласуваат „инклузивен раст и заштита на животната средина“.

Освен за демократските и човековите права, друг главен фокус на патувањето на Блинкен ќе биде миграцијата, а во Богота ќе има и состанок со министрите за надворешни работи од регионот за миграциската политика.

Говорејќи во вторникот заедно со министерот за надворешни работи на Еквадор, Маурисио Монталво, Блинкен рече дека миграцијата „е предизвик на хемисферата“, вклучително и во Еквадор, каде илјадници Венецуелци се населија во последните години.

Блинкен, исто така, го пофали Еквадор во врска со кампањата за вакцинација против ковид-19.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Агенција Франс прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG