Линкови за пристапност

Истражување на Галуп покажува пораст на рејтингот на САД во светот


Рејтингот на раководството на САД се зголеми за време на првите шест месеци на администрацијата на претседателот Џо Бајден, покажува истражување на Галуп, направено во речиси 50 држави.

Порастот доаѓа по истражувањето што Галуп го направи на истата тема во 108 држави во 2020, последната година на администрацијата на претседателот Доналд Трамп што покажа рекордно низок рејтинг од 30 проценти одобрување.

Галуп, со седиште во Вашингтон, вели дека сега, со сеуште некомплетни податоци собрани од 46 држави, одобрувањето на САД во светот е 49 проценти.

Рејтингот е паднат во три држави, од 18 на 13 проценти во Русија, од 20 на 16 проценти во Србија и во Бенин - од 54 на 50 проценти.

Во неколку европски држави, рејтингот на САД е нагло пораснат, како во Португалија, Холандија и Шведска, и пошироко, со двоцифрен пораст во Канада, Германија, Италија, Франција и Јапонија.

Галуп ги потенцираше различните пристапи на САД во ангажирање со светот под администрациите на Трамп и Бајден. Трамп имаше преференца за политиката „Америка прво“ додека Бајден сака потесно да соработува со други држави.

И покрај повисоките оценки, САД сепак се на далечно второ место во неколку региони споредено со други држави.

Кога Галуп прашал дали луѓето го одобруваат лидерството на САД, Германија, Кина и Русија, Германија излезе на прво место меѓу испитаниците во Европа, Азија и во остатокот на американскиот континент. САД беа рангирани први само во Африка, со рејтинг од 53 проценти што е над рејтингот на Германија од 49 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG