Линкови за пристапност

Даштевски: Не знам до кога ќе трае гласањето а кога ќе заврши ќе ве известиме


На некои гласачки места избирачките одбори престанале да ги користат уредите за читање на отпечатоци, ДИК ги предупреди за санкции и прегласување на тие места. Гласањето ќе продолжи и по 19 часот на сите избирачки места

СКОПЈЕ – Сите избирачки места остануваат отворени и по 19 часот, соопшти предмалку претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.Пролонгирањето на процесот се должи на забаваниот процес на гласање поради проблеми со уредите за читање на отпечатоците.

„ДИК останува на претходно дадените насоки да се овозможи на сите гласачи кои ќе дојдат да гласаат до 19 часот и ќе се најдат пред објектот за гласање. Гласањето на овие лица ќе трае се додека е потребно да му се овозможи правото на глас и на последниот гласач. Ако треба два саати, два сати. Ако треба три саати три саати. Колку саати им треба на луѓето да гласаат.“, рече Александар Даштевски, престедател на ДИК.

Како дополнителна мерка за забрзување на процесот на гласање, еден член на Избирачкиот одбор треба да излезе пред гласачкото место и да ги упатува гласачите.

Вината за проблемите во уредите за читање на отпечатоците ја лоцираше во другите надлежни институции кои испратиле 25 отсто отпечатоци со лош квалитет.

Како што информира Даштевски, до ДИК се стигнати информации дека на некои гласачки места во Скопје и Кичево не се гласа со употреба на апарати за отпечаток од прст. Така одлучиле членовите на избирачките одбори, што е незаконски.

„Добивме информации дека некои членови на избирачки одбори престанале да гласаат со фингерпринт апаратите. Потенцираме дека немаме донесено таква одлука.Тоа се незаконски одлуки на тие лица. Сугерираме да продолжат да гласаат со апаратите, во спротивно, гласањето ќе мора да биде поништено, а лицата да бидат санкционирани“, истакна Даштевски и уште еднаш апелира да се гласа со употреба на уредите за биометриска идентификација.

Во шест избирачки места: 1774 во Ново Село, 1162 во Старо Нагоричане, 2354 во Студеничани, 2942 во Чаир и во две во Чучер Сандево со одлука од ДИК е дозволено да се гласа со спреј и УВ лампа.

„Изборниот молк ќе трае се додека се одржува гласањето и по 19 часот додека се овозможи да гласаат сите гласачи кои дошле пред објектите за гласање“, потенцираше Даштевски и додаде дека ДИК сугерирал на избирачките одбори проверка на отпечатоци да правата најмногу два пати како и да се идентификуваат гласачи пред да излезат оние кои веќе се внатре и гласаат.

Според последните официјални информации на ДИК, до 17 часот правото на глас го оствариле 729.980 гласачи или 41,08 отсто.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG