Линкови за пристапност

ДИК: До 15 часот излезноста е 31,31 отсто


Според официјалните податоци на ДИК, заклучно со 15 часот одзивот на гласачите е 31,51 отсто. 559.175 гласачи го оствариле своето право на глас на 3.480 избирчаки места низ државата.

Највисок одзив има во Општина Новаци – 59,16 отсто. Потоа следуваат вевчани со 51,25 отсто, Демир Хисар со 50,58 отсто, Крива Паланка со 49,15 отсто, Карбинци со 49 отсто и Крушево каде од 7.955 гласачи своето право на глас го оствариле 48,41 отсто.

Убедливо најмал одзив има во скопската општина Шуто Оризари каде од 24.230 гласачи гласале само 3.695 односно 18,94 отсто. Потоа следуваат Центар Жупа со 19,01 отсто, Липково со 19.99 отсто, Врапчиште со 21,28 отсто и Студеничани каде гласале 21,49 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG