Линкови за пристапност

ДИК: Одзивот до 11 часот е 10,32 отсто


Во повеќе општини изборните комисии пријавуваат проблеми со читачите на отпечатоци и тоа го забавува процесот на гласање. Лошо ракување или лоша база на отпечатоци, проблемите се надминуваат во тек, соопштија од ДИК. Во неколку избирачки места се гласа на стариот начин на гласање со УВ светло

СКОПЈЕ - Проблеми со уредите за читање на отпечатоците, кои за прв пат се користат во државата, го одбележаа стартот на гласачкиот процес на седмите локални избори. Изборните комисии во десетина општини пријавуваат дека уредите не ги читаат отпечатоците на гласачите, или пак не функционираат и затоа гласачкиот процес се одвива забавено, особено кога има бранови од гласачи.

Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдуваат дека регистрирале пробеми со уредите за читање на отпечатоци и дека проблемите се решаваат тековно и во од, како од екипи на терен така и во координација со изборните комисии. Лошо ракување или лош квалитет на база на податоци е најчестата причина соопштија од ДИК.

„Имаше прекини поради лошо ракување со уредите илош квалитет на базата на отечатоци,. Проблемите се ндаминуваат во тек. Кога станува збор за лошо ракување иво комуникација со лицата на терен проблемите се надминуваат. Лошиот квалитет на база на податоци, се јавува како чест проблем и не ги препознава отпечатоците на гласачите во самиот уред. Според закон постапката продолжува со скенирање со личниот документ на гласачот кој е во склоп на уредот за читање или со внесување на матичниот број“, изјави Љупка Гугучевска, портпарол на ДИК.

Според нашите информации, проблеми при читањето на отпечатоците има кај возрасните лица. Граѓаните веќе реагираат дека се соочиле со проблем или пак дека непотребно чекале да го остварат своето право на глас.

„На моето гласачко место уредот работеше повремено. Пред мене беа повозрасни граѓани кои имаа проблем при скенирањето па затоа мораа да остават отпечаот во избирачкиот список. Мојот отпечаток го најде и потврди. Сепак непотребно се содзава гужва, а тоа најмалку ни е потребно во моментов“, изјави Марко Васев кој гласач од Кисела Вода.

За потребите на ДИК за овие избори, за сума од `11 милиони евра од германската фирма „Дермалог“беа набавени 4.000 читачи на отпечатоци а со нив смеат да ракуваат само престседателите и замениците на изборните комисии на избирачките места кои минаа низ обука.

Според официјалните податоци на ДИК, заклучно со 11 часот одзивот на граѓаните е 10,32 отсто.

Обработени се 92 отсто од избирачките места а според официјалните податоци своето право на глас го оствариле 174.693 гласачи.

Највисок одзив има во Новаци каде од запишаните 2.8689 гласачи до 11 часот гласале веќе 24,36 отсто од гласачите. Потоа следува Крива Паланка со 20,40 отсто, Вевчани со 18,61 отсто, Ранковце со 17,98 отсто и Ловозо каде веќе гласале 17,51 отсто од граѓаните запишани на изборачкиот список.

Состојбата е дијаметрално спротивна во Врапчиште каде само 4,92 отсто од гласачите досега излегле да гласаат. Следуваат Боговиње со 5,22 отсто одзив, Желино со 5,31 отсто, Студеничани со 5,38 отсто и Липково каде до 11 часот од 26.042 запишани избирачи гласале само 5,41 отсто.

Од поголемите градови, најслаб одзив има во Куманово- 5,88 отсто и Гостивар 5,92 отсто.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG