Линкови за пристапност

Почна изборот на градоначалници и советници на седмите локални избори


На повеќе избирачки места регистрирани проблеми со системот за отпечатоци уште на самиот старт.Сите 3.480 гласачки места се отворени навреме,1,8 милиони граѓани бираат градоначалници и советници во 80 општини и Град Скопје.

СКОПЈЕ - Почна гласањето на седмите локални избори. Овие избори се први во историјата на кои се користат биометрискои податоци односно потребен е отпечаток од прст за да може да се оствари правото на гласа. Уште на самиот старт забележани се проблеми со читачите на отпечатоци во избирачки места во повеќе општини како Прилеп, Гостивар, Бутел, Дојран, Гевгелија, Валандово.

Од ДИК нема официјална информација на колку избирачки места се регистрирани проблеми и информираат дека тие се надминуваат во моментов а гласањето продолжува. Гласачите го оставаат отпечатокот на хартиениот список а проблеми имало бидејќи некои не знаеле да ракуваат со нив и покрај тоа што имале обука.

„Сите избирачки места се отворени процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено.Во помал број избиорачки места се јавија проблеми со околу ракувањето со уредите. Некои луѓе не знаеа да ракуваат со нив.Дел од нив се веќе надминати а дел тековно се острануваат. Во некои изборачки места каде поради лоши отпечатоци не може да се препознаат гласачите, процесот тече со оставање на отпечатокот во хартиениот избирачки список“, изјави Александра Даштевски, претседател на ДИК.

Од ДИК веќе е испратен мејл со инструкции до сите Општински изборни коимисии кои треба да го препратат до избирачките одбори според кој спреј и УВ лампа се користи само ако уредот за читање на отпечатоци не е во функција.

„Голем дел се решени, и се решаваат во континуитет. Важи правилото според закондека доколку е прекинато гласањето продолжува за истото време за кое е прекинато но не повеќе од три часа“, појасни Даштевски.

Сите 3.480 гласачки места се отворени навреме соопштија од ДИК.На овие избори 1.824 864 граѓани запишани во Изборачкиот список имаат право на глас и тие ќе бираат меѓу 299 кандидати за градоначалник и 572 кандидатски листи за членови на советите во 80 општини и Град Скопје.

Заклучно до 9 часот наутро, од обработени 38 отсто од избирачките места вкупно 23.468 граѓани го оствариле своето право на глас или 3,28 отсто.

Избирачките места се затвараат во 19 часот а од ДИК најавија на дека првичните официјални резултати можеби ќе треба да се почека малку подолго од вообичаеното поради споредба на бројките и новиот систем но претседателот Даштевски повтрди дека тоа би било некаде после полноќ.

Вчера своето право на глас го остварија припадниците на Армијата, осудениците, болните и изнемоштени, раселените и граѓаните кои се во изолација поради Ковид -19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG