Линкови за пристапност

САД бараат интеграција на Западен Балкан во ЕУ за да се спречи влијанието на Русија и Кина


Заглавеното членство во ЕУ за Западен Балкан предизвикува страв од демократско назадување

Северна Македонија, Албанија и четири други балкански земји- Босна, Косово, Црна Гора и Србија - се обидуваат да се приклучат на најголемиот светски трговски блок од 2004-та година.

Наместо да се договорат за распоредот за земјите-аспиранти за балкански земји да се приклучат кон Европската унија, 27-те земји-членки на блокот понудија топли зборови на самитот во Словенија минатата недела, парични средства за обновување на пандемијата и обврска за намалување на трошоците за роаминг на мобилни телефони за балканските државјани кога патувааат во кој било дел од блокот на ЕУ.

Одбивањето на земјите-членки на ЕУ претходно овој месец да го наведат распоредот за членство на Балканот е спротивно на интензивното додворување на земјите во регионот од страна на САД. Неделава, американскиот државен секретар Ентони Блинкен потпиша изменет договор за одбранбена соработка со неговиот грчки колега, Никос Дендијас.

Дендијас рече дека изменетиот договор не само што ќе ги заштити грчките безбедносни интереси, туку ќе овозможи подлабока соработка надвор од одбранбените прашања. „Исто така, се создава рамка што им овозможува на Соединетите држави да инвестираат во Грција, не само за подобрување на одбранбените капацитети на нашата земја, туку и да го сторат тоа во поширока рамка на соработка што се воспоставува и подобрува“, рече тој.

Затоплувањето на односите меѓу САД и Грција во Вашингтон се смета за клучен дел од пошироката стратегија за додворување на Балканот, стратегија што се спроведува со зголемен интензитет во последниве години од сукцесијата на американските администрации, чија цел е да се спречи и да се смени зголеменото влијание во регионот на Кина и Русија.

Во интервју за Радио слободна Европа минатиот месец, и пред самитот во Словенија, Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар, рече дека Вашингтон ќе направи нов притисок да им помогне на земјите од регионот да постигнат интеграција во ЕУ. Тој го повика блокот да започне преговори за пристап оваа година со најмалку Албанија и Северна Македонија. И, двајцата се надеваа дека пред две години ќе започнат конкретни преговори со кои ќе се приклучат кон европскиот блок.


Франција и Холандија го блокираа распоредот за членство за Албанија и Северна Македонија минатата година, додека Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ЕУ не е во каква било форма да прими нови членки, а камоли држави од Балканот, кои, како што истакна, се’ уште се борат со криминалот и корупцијата и се’ уште не ги надминале етничките поделби што доведоа до војни во 1990-тите.

На самитот во Словенија на 6-ти октомври, на кој учествуваа сите 27 лидери на ЕУ и нивните шест колеги од Балканот, блокот одби да се согласи за распоредот за членство. Лидерите на ЕУ ја потврдија посветеноста на блокот за процес на проширување на шесте држави од Западен Балкан и признаа дека нивната иднина е членство во блокот. Во заедничка декларација, лидерите на ЕУ рекоа дека блокот „ја потврдува својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“.

Но, недостатокот на конкретен распоред предизвикува стравувања дека доцнењето ќе послужи само за понатамошно влијание на Русија и Кина, особено во Србија, и нема да помогне да се стабилизира регионот што допрва треба да одмори од етничките војни од 1990-тите.


„Ако ЕУ не се прошири, другите ќе се прошират“, рече словенечкиот премиер, Јанез Јанша, за германскиот радиодифузер АРД, мислејќи на Русија и Кина.

Но, геостратешките интереси не успеаја да ги надминат приговорите, големи и мали, за проширување од повеќето земји-членки на ЕУ. Бугарија сака Северна Македонија да признае дека нејзиниот јазик има бугарски корени, и додека не го стори тоа Софија планира да продолжи со вето за проширувањето.

Другите влади на ЕУ се загрижени за напливот на миграција од Балканот, доколку земјите кандидати бидат примени.

„Граѓаните од Западен Балкан се’ повеќе ја губат вербата во тоа како нивните земји некогаш нема да се приклучат кон ЕУ“, забележува Енгелуше Морина, експерт за Балкан во Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР).

Изгледите за членство во ЕУ беа главниот двигател на политичките и судските реформи на Балканот откако поранешна Југославија се распадна. Од земјите кандидати се бара да исполнат одредени демократски стандарди, да спроведат социо-економски реформи и да покажат должна почит кон владеењето на правото.

Шансата за влез во ЕУ, исто така, помогна да се постигне одреден напредок кон нормализирање на односите меѓу државите од Западен Балкан, според европските дипломати и аналитичари. Со ваквиот застој и изгледите за членство, тие се плашат дека ќе се изгуби и решеноста за реформирање и надминување на минатото на етничка основа ќе биде изгубено.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG