Линкови за пристапност

Поранешниот претседател Бил Клинтон се опоравува од инфекцијата во болница


Клинтон завршил на болница откако почувствувал умор а веднаш му било дијагностицирано дека има инфекција на крвотокот, за која лекарите веруваат дека започнала како инфекција на уринарниот тракт

(Ројтерс) - Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се опоравува по дводневниот третман од инфекција во болница во Калифорнија, соопштија денес неговите лекари.

75-годишниот Клинтон беше примен во Медицинскиот центар Ирвин на Универзитетот во Калифорнија во вторникот вечерта поради инфекција, објави портпаролот на Клинтон, Ангел Урена на Твитер.

„Тој моментално се опоравува, има добро расположение и им се заблагодарува на лекарите, медицинските сестри и персоналот што му пружаат одлична грижа“, напиша Урена.

Клинтон завршил на болница откако почувствувал умор а веднаш му било дијагностицирано дека има инфекција на крвотокот, за која лекарите веруваат дека започнала како инфекција на уринарниот тракт, објави Си -Ен -Ен, повикувајќи се на неговите лекари.

„Тој останува во болница за континуирано следење“, се вели во соопштението. „По дводневниот третман, бројот на бели крвни клетки опаѓа и тој добро реагира на антибиотиците. Тие додаваат: „Се надеваме дека наскоро ќе се врати дома“.

Си -Ен -Ен, пак, се повикува на извори од доктори кои велат дека Клинтон е на интензивна нега.

Инаку, Клинтон е демократ кој беше претседател од 1993-2001 година, имаше здравствени проблеми во минатото, вклучувајќи четирикратна операција за бајпас во 2004-та година и 2010-та година постапка за отворање на блокирана артерија во неговото срце со два стента. Си -Ен -Ен објави дека тековниот престој на Клинтон во болница не е поврзан со неговите проблеми со срцето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG