Линкови за пристапност

Вакцинираните со Џонсон и Џонсон може да примат дополнителна вакцина од Фајзер или Модерна


Прелиминарните резултати од клиничката студија сугерираат дека луѓето кои примале вакцина „Џонсон и Џонсон“ една доза, може да добијат подобра заштита со втора доза од вакцината Фајзер или Модерна.

Студијата спроведена од Националниот институт за здравство на САД, покажа дека оние кои примале вакцина „Џонсон и Џонсон“ имале повеќе од 76 пати зголемување на нивото на антителата по добивањето на засилувач од вакцините на Модерна, во споредба со 35-кратниот пораст на нивото на нивните антитела после примање засилувач на Фајзер.

Откритијата доаѓаат откако советодавниот панел на Администрацијата за храна и лекови започна дводневни состаноци во четврток за тоа дали да препорачаат дополнителни вакцини за оние кои ја примиле „Џонсон и Џонсон“ или вакцината Модерна со две дози.

Центрите за контрола и превенција на болести веќе одобрија трета доза за оние кои ја примиле вакцината Фајзер со две дози за одредени луѓе, почнувајќи од шест месеци по примената втора доза.

Научниците открија дека инфекциите со ковид-19 биле три до четири пати повисоки кај невакцинираните луѓе отколку кај оние кои примиле два дози, врз основа на случајни примероци од повеќе од 100.000 брисеви. Студијата откри дека стапките на инфекција се намалиле од 1,76 проценти кај вакцинираните на само 0,35 проценти три месеци по втората доза, но повторно пораснале за половина од еден процент помеѓу три и шест месеци по втората примена доза.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG