Линкови за пристапност

ММФ предвидува мал пад на глобалниот раст од пандемијата


„Опасната дивергенција во економските перспективи меѓу земјите“, рече ММФ, „останува главна грижа“

ВАШИНГТОН (АП) - Меѓународниот монетарен фонд малку ги намалува своите изгледи за глобално закрепнување од рецесијата создадена од пандемијата, како одраз на нарушувањата на синџирот на снабдување во индустријализираните земји и смртоносните разлики во стапките на вакцинација меѓу богатите и сиромашните нации.

Во најновата светска економска прогноза објавена во вторникот, ММФ предвидува глобален раст оваа година од 5,9 отсто, во споредба со неговата проекција во јули од 6 отсто.

За САД, најголемата светска економија, ММФ предвидува раст од 6 отсто за 2021-ва година, под прогнозата за јули од 7 отсто. Опаѓањето е одраз кој произлегува од порастот на случаите на ковид-19 и одложеното производство предизвикано од недостаток на понуда и како резултат на забрзување на инфлацијата.

ММФ предвидува дека за напредните светски економии во целина, растот ќе изнесува 5,2 отсто оваа година, во споредба со слабата предвидена добивка од 3 отсто за земјите во развој со ниски приходи.

„Опасната дивергенција во економските перспективи меѓу земјите“, рече ММФ, „останува главна грижа“.

Монетарниот фонд очекува вкупниот аутпут од напредните економии да ги надомести загубите што ги претрпеа за време на пандемијата до 2022-ра година и да го надмине нивниот раст пред пандемијата до 2024-та година.

Порастот од 6 отсто во САД оваа година следи по длабоката контракција од 3,4 отсто во 2020-та година. ММФ очекува солиден раст на САД од 5,2 отсто во 2022-ра година. За 19-те земји што ја користат валутата на еврото, ММФ предвидува проширување од 5 отсто оваа година и 4,3 отсто во 2022-ра година.

Кина, втората по големина економија во светот, се очекува да регистрира раст од 8 проценти оваа година, малку намален од прогнозата на ММФ од 8,1 во јули, со раст од 5,6 отсто во 2022-ра година.

Состанокот за преглед во светската економија ќе се одржи неделава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG