Линкови за пристапност

Дијаспората во САД, Австралија и Канада потфрлила на пописот, велат експерти


Треба да се допрецизира бројот на иселени лица по спроведениот попис, велат експерти
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:55 0:00

Најголем дел од самопопишаните, околу 152.000 се од Швајцарија, Германија, Австрја и Италија. Додека само 14.165 од САД, Австралија и Канада

Бројките од неодамна завршениот попис на населението во рамките на кој беа евидентирани вкупно 1.832.696 лица, се реални и се во доменот на очекувањата вели поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски. Причината за тоа лежи во иселувањето од државата, а силно влијание вели има и намалувањето на наталитетот и зголемување на морталитетот.

„Од 80 општини кои постојат во осумте региони во земјава, триесет и пет општини покажуваат континуирано негативен природен прираст. Државата за прв пат пред три години навлезе во негативен природен прираст“, вели тој.

Но професорот Башким Селмани, вели дека пописот имал одредени слабости.

„И еден граѓанин да не биде опфатен во пописот, тоа не е добро и не изгледа законски за самите граѓани“, вели тој.

За Герасимовски нереална е бројката од 204.805 македонски државјани од дијаспората, кои се самопопишале, бидејќи податоците на меѓународните институции покажувале дека околу 600.000 македонски граѓани живеат ширум светот. Најголем дел од самопопишаните, околу 152.000 се од Швајцарија, Германија, Австрија и Италија. Додека само 14.165 од САД, Австралија и Канада.

„Во САД имаме околу 9.200, во Австралија катастрофално е потфрлено во однос на самопопишувањето, бидејќи се попишани само 3.200. Да не говорам, колку по нивните пописи таму кои се изјасниле како Македонци. Канада само со околу 1.900“, вели Герасимовски.

Селмани вели, покрај самопопишувањето електронски, државата требала да отвори и свои канцеларии, во центрите со најмногу иселеници. Така бројот на попишани граѓанин ќе бил многу поголем.

„За жал таа бројка што е од дијаспората, само во една држава има толку граѓани од Република Македонија. И, тоа е главниот проблем. Значи има слабости самиот закон како да ја опфаќа дијаспората“, додава тој.

Герасимовски предлага од страна на државните институции да се донесат соодветни мерки за следење на иселувањето, со што ќе се допрецизира точниот број на наши иселеници, а потоа тој регистар само да се надоградува.

„И следење во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, во нашите стопански комори и сите организации кои постојат надвор од земјава, да посилно се организираме да точно ги преброиме нашите државјани кои се надвор од нашата земја, за да ги знаеме состојбите надвор како се“, рече тој.

Според податоците, македонски граѓани живеат во 163 држави во светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG