Линкови за пристапност

Генералниот секретар на ООН повика светот да спречи економски колапс на Авганистан


Генералниот секретар на ООН во понеделникот побара итна меѓународна поддршка за да се спречи колапс на економијата на Авганистан, еден ден пред самитот на лидерите на Г-20 посветен на ситуацијата во оваа земја.

„Ова е клучен момент“ изјави Антонио Гутереш пред новинарите во седиштето на ООН.

Тој рече дека додека Обединетите Нации работат на тоа да им помогнат на 18 милиони Авганистанци на кои им треба хуманитарна поддршка, но тоа нема да биде доволно да се спречи поголема економска криза.

„Апелирам светот да преземе акција и да инјектира ликвидност во авганистанската економија да се избегне колапс“ рече тој.

Тој рече дека меѓународната заедница е премногу спора во однос во однос на ова прашање и дека може да биде инјектиран и без прекршување на меѓународните норми или компромитирање на принципите.

XS
SM
MD
LG