ПРИЛЕП - „Денес им оддаваме почит на храбрите мажи и жени кои се жртвуваа за нашата слобода и државност. Тука се поклонивме пред 462 имиња на паднати борци. Овде стоиме меѓу осумте урми на Могилата на непобедените од кои највисоката и најубавата го симболизира пламенот на слободата“. Со овие зборови претседателот Стево Пендаровски, во Прилеп во Могилата на непобедените, го почна своето обраќање по повод Денот на востанието - 11 Октомври.
Оваа година е 80 годишнина од почетокот на борбата против фашистичката окупација која почна со нападите на партизнските одреди во Прилеп и во Куманово.
„Востанието започна во најмрачниот час од нашата историја. Децениите на национална обесправеност, национална асимилација и попаганди кулминираа со фаштистичката окупација. Фашизмот му даде на посилниот брутално да владее врз послабиот“, рече претседателот Пендаровски.
Борците на партизанскиот одред „Гоце Делчев“, чиј напад врз полицискиот учесток се води како почеток на востанието се континуитет на Илинденците и на борбата за слободна македонска држава.
„Континуитет, затоа што тие продолжија да чекорат по патеката на Илинденците. Меѓу партизанските одреди ниту еден не беше именува по Маркс, Енгелс или Сталин. Тие ги носеа имињата на македонскиуте револуцинери Даме Груев, Пере Тошев, Јане Сандански и Влахов, Питу Гули и Добри Даскалов“, нагласи Пендаровски.
Неоспорен историски факт е дека востанието во своите редови ги имаше сите идеолошки струи на македонското ослободително движење - антифашисти, демократи и комунисти а во одредите пристапија и комунисти и демократи, напредни студенци и шпански борци без ралика на националност или религија. Македонскиот народ уште на самиот почеток се приклучи кон антихитлеровската коалција кога цела Европа беше покорена а окупаторите изгледаа непобедиви.
„Репресиите ја удвоија вољата на народот. Нашиот придонес во победата не е занемарлив. Имавме едно од највиталните партизански движења во Европа кое за четири години даде околу 25 илјади жртви и регрутираше над 100 илјади борци. Во едно време само на територијата на денешна Северна Македонија беа ангажирани 60 илјади војници на Третиот Рајх“, потенцираше претседателот Пендаровски.
За Пендаровски нема дилема - само како дел од антифашистичката коалиција можеше да се продолжи патот трасиран од Илинденците и да се оставри вековниот сон, формирање на своја држава
„Тоа го постигнавме на 2 август 1944 година, на првото заседание на АСНОМ, каде беше удрен темелот на слободната и суверена република која по своја воља се вклучи во нивата југословенската конфедерација“, заклучи Пендаровски.
Во своето обраќање претседателот Пендаровски се осврна и на „третот Илинден“ - референдумот во 1991 година но и надворешните притисоци и блокади поради кои државата изгуби драгосцено време. Дел од вината ја лоцираше и внатре во државата, со форсирање на поинакви приоритети кои ги забавија евроатланските процеси за интеграција.
„Имаше обиди да се маргинализира значењето на НОБ и да се бараат некакви древни корења на државата. За сето тоа време темелите на слободната македонска држава ни беа буквално пред очи. Над 1.100 споменици во чест на НОБ во речиси секое наше населено место. Овие паметници се најсилниот доказ против секој вид и обид на историски ревизиниозам“, предупреди претседателот Пендаровски.
Токму овие споменици се пораката - „Запомнете и не заборавајте за што се боревме бидејќи вашата слобода ја плативме со нашите животи“.
Темелите на оваа држава се илинденски и антифашистички и во моментот кога тоа ќе се заборави ќе почневеме да го уриваме „единственото место на светот кое е нашиот дом“, порача Пендаровски во својот говор.
Тој изрази надеж дека државата ќе успее да ги зачува демократските вредности, ќе внимава на своите граѓани и ќе ја врати надежта кај младите да престаната да се иселуваат и да останат во Македонија знаејќи дека може да се остварат.
Facebook Forum