СКОПЈЕ – Најмладиот милионер во државата е роден 2013 година а во 2020 година тој остварил добивка од еден милион денари од закупнина покажуваат годишните даночни пријави. Најстариот милион минатата година имал 96 години и исто така од закупнина инкасирал 4,5 милиони денари.
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, го соопшти пресекот на годишните даночни пријави според кои иако минатата година беше година на економска криза поради пандемијата на коронавирусот, зголемен е бројот на граѓани кои заработиле повеќе кај праговите од 10 и од 100 милиони денари.
Според анализата на даночните пријави во УЈП, 11 граѓани пријавиле бруто доход од над 100 милиони денари или 1,6 милиони евра во 2020 година, 557 граѓани заработиле меѓу 10 и 100 милиони денари, 40 илјади граѓани имале бруто доход од еден до десет милиони денари анајголемиот број на граѓани, 616 илјади, имале бруто плата од 100 илјади до еден милион денари во 2020 година.
Во топ 10 граѓани кои оствариле најголема добивка во 2020 година се адвокати, нотари, извршители, угостители, електро инсталатори и производители на амбалажи од хартија.
На врвот на листата се наоѓа скопјанка која пријавила бруто доход од 453,1 милион денари, што е двојно повеќе од прворангираниот во 2019 година.
Највисоката годишна бруто плата во 2020 година пријавил стружанец – 105,2 милиони денари, кој е во индустријата со метали.
„Највисоките плати, според поднесените даночни пријави е во секторите здравство, аптеки, одгледување на добиток, игри на среќа и трговија со тутун“, соопшти Лукаревска.
Највисоката капитална добивка во 2020 година изнесува 151,6 милиони денари а станува збор за скопјанец кој продал сопственички удел додека највисока дивиденда, 306 милиони денари, добил сопственик на бизнис од секторот трогивја со моторни возила инаку од Скопје.
Ресенчанец остварил највисок доход од продажба на земјоделски производи 32, милиони денари а највисок приход од закуп на имот - 50 милиони денари пријавил жител на Скопје.
Најголем хорорар, 63, 2 милиони денари пријавил граѓанин кој испорачал услуги кон компанија за производство на алкохолни и безаилкохолни пријалоци
Најмногу среќа минатата година имал тетовец кој инкасирал 40 милиони денари од игри на среќа, лото или спортско обложување, а највисока пензија, но странска, пријавил скопјанец – 5,8 милиони денари.
Скопјанка пак доброволно пријавила бруто доход 449,6 милиони денари а тетовец 247,7 милиони денари кој бил исплатен од компаниии кои работат со социјални и видео платформи.
„Годишните даночни пријави се изготвени врз основа на податоците од пресметките за исплката на доход поднесени од страна на исплатувачите, од пресметките во кои што граѓаните пријавиле дека оствариле доход од други физички лица и од странство, врз основа на податоците од годишниот даночен биланс како и паушално утврдениот нето доход од вршење на самојостојна дејснот“, изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП.
Рокот за потврдување на годишните даночни пријави е 31 мај до кога граѓаните можат да ги потврдат или корегираат. По овој термин тие се автоматски пријавени
Во 2020 година најголем број на годишни даночни пријави добија статус на автоматски потврдени, односно 593 илјади пријави.
А дека не е се така розoво покажува фактот што 5.713 фирми со 14.829 вработени , заклучно со минатата недела, не исплатиле плата за месеците август и септември.
Facebook Forum