Линкови за пристапност

Заев: Ќе го отвориме Уставот непосредно пред членството во ЕУ


Реакции по неуспехот во Словенија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Никогаш не е прифатливо една земја да и диктира било што на друга земја, изјави портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант

Северна Македонија нема проблем со дополнување на Уставот, но тоа да биде во фазата пред непосредниот влез во Европската унија. Ова е позицијата на Скопје на барањето на Софија – во Уставот да се вметнат и Бугарите, што во Брдо кај Крањ го испорача претседателот Румен Радев како услов за деблокада на евроинтеграциите.

„Земјите од регионот кога пристапуваат кон ЕУ имаа пракса непосредно пред полноправното членство да го отворат уставот и да ги додадат другите заедници покрај немнозинската. Јас сум рекол неколкупати да ги додадеме и Хрватите и Бугарите, но тоа не значи дека ние треба во овој момент да го отвораме Уставот за овие прашања. Многу е важно да знаат сите дека немаме проблем да ги додадеме и другите етнички заедници“, изјави премиерот Зоран Заев.

Условите - петте прашања + едно, како што Радев ги наведе во Брдо, денеска беа дообјаснети во Скопје. Станува збор за употребата на краткото име, говорот на омраза, рехабилитација на жртвите на комунизмот, прашањето на немешање во внатрешните работи, функционирањето на историската комисија.

„Другите прашања се прашања за кои се разговара подолго време за кои сметаме дека може да се најде решение додека двете прашања кои се дел од европскиот процес – прашањето на јазикот и позиционирањето на патоказот во преговорите со ЕУ ги сметаме за конечни од предлозите на европските претседателства и тие не се дел од билатералните разговори со Бугарија“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Од Европската унија и комисија, чии претставници во Брдо изјавија дека работат на решение за ситуацијата, денеска не сакаа во детали да навлезат за условувањата од Бугарија, но ја повторија принципиелната позиција на Брисел.

Никогаш не е прифатливо една земја да и диктира било што на друга земја. Овде зборуваме многу општо зашто не можам да коментирам за што точно двете страни преговараат. Може да се најдат брзи и позитивни решенија за прашањата за кои разговараа“, изјави портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант.

И покрај несупехот на Брдо каде македонската и бугарската страна седнаа на иста маса заедно со германската канцеларка и францускиот претседател, премиерот се уште е оптимист дека до крајот на годината може да се дојде до решение. Каков бил настапот на Ангела Меркел и Емануел Макрон.

„Никогаш не сум ги видел вака настојчиви борејќи се за ЕУ зашто Унијата мора да испорача...“, додаде Заев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG