Линкови за пристапност

Германски и американски научници добија Нобелова награда за хемија


При доделувањето на наградата, академијата објасни дека двајцата хемичари развиле нови, органски катализатори за да помогнат во изградбата на молекули

Кралската шведска академија на науките денес ја додели Нобеловата награда за хемија за 2021-ва година на двајца научници за нивната работа - независно - во развојот на нов начин на градење молекули и процес со примени во индустријата.

Говорејќи во Стокхолм, генералниот секретар на академијата Горан Хансон рече дека хемичарите Бенџамин Лист од германскиот институт Макс Планк и Дејвид МекМилан од Универзитетот Принстон ќе ја поделат наградата оваа година.

При доделувањето на наградата, академијата објасни дека двајцата хемичари развиле нови, органски катализатори за да помогнат во изградбата на молекули.

Катализаторите се супстанции кои ги контролираат и забрзуваат хемиските реакции, без да станат дел од финалниот производ.

Академијата претходно рече дека се верува дека има само два вида катализатори: метали и ензими. Но, во текот на последните 20 години, Лист и Мекмилан, кои работеа независно еден од друг, развиле трет вид катализатор, познат како асиметрична органокатализа.

Според зборовите на академијата, „Органските катализатори имаат стабилна рамка од јаглеродни атоми, на кои можат да се прилепат поактивни хемиски групи. Овие често содржат вообичаени елементи како што се кислород, азот, сулфур или фосфор. Ова значи дека овие катализатори се еколошки и ефтини за производство“.

Нобеловите награди за медицина и физика беа доделени на почетокот на оваа недела. Наградите за литература, мир и економија ќе бидат доделени во текот на следната недела.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG