Линкови за пристапност

Трета доза вакцина за сите граѓани, препорачуваат здравствените власти


Шест месеци од ревакцинирање е единствениот услов за да се прими трета доза која ќе биде од производителот „Фајзер“. Скринингот во училиштата ќе опфати 8.200 ученици. Бројките на новозаболени стагнираат но стгапката на смртност е исклучително висока

СКОПЈЕ – Комитетот за имунозација предложи, здравствените власти ќе прифатат. Трета доза вакцина против Ковид ќе биде достапна за сите граѓани во државата без разлика дали се во критичните категории на пациенти или на државна инфраструктура. Досега планот на здравствените власти беше да се вакцинираат само здравствените работници, граѓаните над 60 години и пациенти со транспланти или тешки и имуно компромитирачки болести.

„Препораката од Комитетот за имунизација е да освен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место и се со зголемен ризик да заболат од вирусот Ковид 19. Ова се препораки кои ги следат препораките на други европски земји и САД“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

За да се прими трета доза, нема да треба да се закаже термин а единствен услов е да се поминати шест месеци од ревакцинацијата. Без разлика на првите две дозаи, третата доза ќе биде од производителот „Фајзер“

„Комбинирањето на вакцините, особено давање на трета доза, кај нас тоа ќе биде „Фајзер“ со други претходно дадени од различен тип. Тоа го зголемува и проширува имунолошкиот одговор. Се водевме токму од тоа во однос на препораката“, изјави Александра Грозданова Национален кординатор за имунизација.

Досега трета доза вакцина, според официјалните бројки, примиле 329 граѓани.

Очекуваниот скрининг ќе се спроведе идната недела а ќе опфати 8.200 ученици и треба да покаже дали и колку вирусот е раширен во образовниот систем. Од утре почнува селекцијата на ученици во таргетираните училишта и ќе се бара согласност од родителите. Планирано е скрининот да трае 5 дена и дневно да се тестираат по околу 800 деца, во самите училишта кадешто мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите.

„Битно е со овој пресек да направиме еден репрезентативен примерок кој ќе ни укаже дали евентуално ќе наидеме на некои случаи кои се асимптоматски Ќе се бираат ученоици по случаен избор од регистарот „е -дневник“, изјави министерот Филипче.

Она што загрижува е бројката на починати. Иако четвртиот бран ја губи силата, болничките капацитети се далеку од исполнети до максикум дневните бројки на жртви секогаш се двоцифрени.

Од почетокот на епидемијата, како последица на компликации предизвикани од коронавирусот починаа 6.704 граѓани а Северна Македонија има втора највисока стапка на смртност на милион жители во Европа, веднаш зад Босна и Херцеговина и трета во светот зад Перу и БиХ. А ако се земат официјалните бројки од пописот тогаш Северна Македонија е на првото место по смртност.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 6 август до 30 септември, починале 1.162 лица од кои 175 или 15 отсто биле целосно вакцинирани со две дози. Меѓутоа од здравство нема информација околу возраста на починатите кои биле вакцинирани, со каква вакцина и кога биле ревакцинирани и дали евентуално имале коморбидитети.

Извештајот на ИЈЗ открива и дека 47 отсто од хоспитализираните пациенти од почетокот на епидемијата, односно 6.203 лица починале во болница.

Дневните бројки на новозаболени стагнираат и се движат меѓу 400 и 500 случаи.Во моментов како активни се водат 12.149 случаи а најголемо жариште е Скопје со 5.563 заболени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG