Линкови за пристапност

Русија повторно прогласи македонски дипломат за „персона нон грата“


Ова е одговор на руските власти по протерувањето на руски дипломат од амбасадата во Скопје во август годинава

В.Д. амбасадорката во Руската Федерација Оливера Чаушевска-Димовска денеска е повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ е врачена нота на Министерството, со која вработен во македонската амбасадата во Москва се прогласува за „персона нон грата“.

„Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ’персона нон грата‘ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година“, соопшти руското МНР.

Дипломатот од Абсадата во Скопје беше протеран на 17 август а од МНР не соопштија што точно направил протераниот дипломат повикувајќи се на доверливиот карактер на инфромациите но потврдија дека однесувањето на дипломатот било спротивно на принципите на Виенската конвецнција.

Претходно, во мај годинава беше протеран руски дипломат од Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, со образложение дека биле утврдени „постапки несоодветни со дипломатскиот статус“. Според тогашната изјава на министерот Османи, тие постапки биле „документирани, истражени и потврдени од Министерството за надворешни работи“.

На тоа протерување Русија во јуни одговори реципрочно и од Москва протера македонски дипломат. Тогаш од македонското МНР објавија дека вршителот на работите во македонската амбасада во Москва, Оливера Чаушевска - Димовска, била повикана во руското МНР каде ѝ била врачена Нота за прогласување 'персона нон грата' на наш дипломат - аташе од Амбасадата на Македонија во Москва.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG