Линкови за пристапност

Владата на САД има пари до 3-ти декември


Конгресот на САД донесе мерка да ја одржи федералната влада отворена

Сенатот на САД ја одобри мерката да се спречи затворање на федералната влада вечерва на полноќ.

По одобрување од Конгресот и потпишувањето од страна на претседателот Џо Бајден, националната влада ќе има пари, со сегашните нивоа на трошење, да ги држи сите државни агенции отворени и да можат непречено да работат до 3-ти декември. Тоа ќе им даде на пратениците и Белата куќа повеќе време да преговараат за буџетите за фискалната година што започнува во петок.

Гласањето на Сенатот беше 65-35 за да се спречи запирање на сите, освен основните владини операции.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер рече дека легислативата вклучува 6,3 милијарди долари за помош за преместување на авганистанските бегалци што се преселуваат во САД, откако Вашингтон ја заврши својата дведецениска војна во Авганистан во август, и 28,6 милијарди долари за да им помогне на сојузните држави кои беа погодени од разорните урагани и пожари кои ги зафатија САД изминатиов период.

Секретарката за финансии Џенет Јелен во вторникот им рече на конгресните лидери дека владата најверојатно ќе остане без пари за да ги плати сметките до 18-ти октомври, доколку Конгресот не го суспендира ограничувањето на долгот или не го зголеми суштински над сегашниот вкупен износ од 28,4 трилиони долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG