Линкови за пристапност

Бајден на традиционалниот конгресен бејзбол натпревар


Американскиот претседател Џо Бајден присуствуваше на традиционалниот конгресен бејзбол натпревар кој синоќа се одржа во Вашингтон, во време кога се обидува да постигне договор за големиот пакет мерки вреден 3.5 трилиони долари.

Тој на теренот помина време и со Демократите и со Републиканците, а носеше бејзбол капче од Фондацијата именувана по неговиот покоен син Бо Бајден која е посветена на заштита на децата од злоставувања.

Кога се појави, претседателот беше пречекан со исквиркувања од публиката, а на трибините беше распослан натпис на кој пишуваше Трамп 2024-та.

И спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, беше присутна на натпреварот. Таа посочи дека е можно да го одложи планираното гласање за придружниот пакет за инфраструктура вреден еден трилион долари, доколку нема поместување во однос на големиот пакет предложен од Бајден.

Во меѓувреме Конгресот е поблизу до договор за натамошно финансирање на Владата и по денешното завршување на фискалната година.

XS
SM
MD
LG