Сенатот на САД денес треба да гласа за мерката за прекин на финансирање за да се спречи делумно затворање на федералната влада.
Одобрувањето во Сенатот ќе биде испратено до Претставничкиот дом на гласање, бидејќи пратениците работат да го надминат рокот на полноќ.
Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, рече дека законодавството ќе ги одржи сегашните нивоа на финансирање во владините агенции до 3-ти декември. Исто така, ќе вклучува 6,3 милијарди долари за помош за преместување на авганистанските бегалци што се преселуваат во САД, откако Вашингтон ја заврши дводецениската војна во Авганистан минатиот месец, како и средства во висина од 28,6 милијарди долари за помош на сојузните држави да закрепнат од разорните урагани и пожари од кои беа зафатени.
„Со толку многу критични прашања за решавање, последното нешто што му треба на американскиот народ во моментов е затворање на владата“, рече Шумер во изјавата на сенатот во средата. „Овој предлог ќе спречи да се случи тоа“.
Досега имало вкупно 21 делумно затворање на американската влада, од 1976-та година.
Според законот, американските владини агенции мора да имаат конгресно одобрено финансирање за да работат. Затворањето обично се случуваат кога Конгресот и Белата куќа не можат да се договорат за нивоата на финансирање за специфични операции или дали програмите за кои станува збор воопшто заслужуваат да бидат финансирани.
Без финансирање за време на затворањето, многу владини операции се стопирани, како што се исплата на пензија на постарите Американци, обработка на поврат на данокот на доход и пристапност до националните паркови. Меѓутоа, операциите за национална безбедност се сметаат за основни и државните службеници треба да останат на работа, дури и ако нивните плати може да бидат одложени за време на затворањето.
Во меѓувреме, претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, им рече на демократските колеги дека комората наскоро ќе гласа за суспендирање на лимитот на долгот на националната влада.
Дури и ако Домот го усвои законодавството, сепак, неговата судбина во политички поделениот Сенат, со 50 републиканци и 50 демократи, е неизвесна.
Републиканците во Сенатот веќе двапати оваа недела ги отфрлија напорите за суспендирање на лимитот на долгот, велејќи дека тоа е обид на опозициските демократи да го расчистат патот за масивен нов план за трошоци за проширување на програмите за социјална заштита најмногу од 1960-тите.
Републиканците подеднакво се противат на демократските предлози за кои се залагаше претседателот Џо Бајден.
Секретарката за финансии Џенет Јелен во вторникот им рече на конгресните лидери дека владата најверојатно ќе остане без пари до 18-ти октомври, доколку Конгресот не го суспендира ограничувањето на долгот или не го зголеми над сегашниот вкупен износ од 28,4 трилиони долари.
Facebook Forum