Линкови за пристапност

Алармантно - 23 видови животни во исчезнување


Секој од овие 23 видови претставува трајна загуба за природното наследство на нашата нација и глобалниот биодиверзитет

Американската национална служба за риби и диви животни денес се очекува да објави список на 23 видови животни во исчезнување, вклучително и клукајдрвецот, недостижна птица која долго време ја бараа набљудувачите на птици низ југоисточниот дел на САД.

Њујорк тајмс објави дека листата на исчезнати видови вклучува 11 птици, осум слатководни школки, две риби, лилјак и растение. Многу од нив најверојатно исчезнале, или скоро да ги нема, до времето кога Законот за загрозени видови беше донесен во 1973-та година. Мерката е наменета да обезбеди посебна заштита за ретките видови на работ на истребување.

Официјалните претставници на САД утврдија дека најверојатно нема да може да се спасат овие видови.

Специјалистката за класификација на риби и видови диви животни, Бриџит Фахи, за Тајмс вели: „Секој од овие 23 видови претставува трајна загуба за природното наследство на нашата нација и глобалниот биодиверзитет. И, тоа е отрезнувачки потсетник дека истребувањето е последица на промените на животната средина предизвикани од човекот “.

Експертите за диви животни го наведуваат губењето на живеалиштето, обично поради човечките активности, како главен двигател на исчезнувањето на видовите. Земјоделството, сечата и рударството одземаат живеалишта од животните, додека загадувањето и ловокрадството исто така ги намалуваат бројките.

Американските владини научници не прогласуваат случајно исчезнување. Често се потребни децении пребарување. Околу половина од видовите во оваа група веќе се сметаа за исчезнати од страна на Меѓународната унија за заштита на природата со седиште во Швајцарија - IUCN, глобален авторитет за статусот на животните и растенијата.

Во случајот на клукајдрвецот, американскиот радио дифузер “Национално јавно радио” известува дека IUCN не ја става птицата на листата на истребување, бидејќи тие веруваат дека таа се’ уште постои во делови од Куба.

Некои информации во овој извештај беа обезбедени од новинските организации Асошиетед прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG