Американската кошаркарска ѕвезда Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс во вторникот им рече на новинарите дека се вакцинирал против ковид-19 по неколку месеци скептицизам во врска со вакцината. Тоа доаѓа откако се’ поголем број негови колеги од Националната кошаркарска асоцијација се под лупа за тоа дека одбиле да примат вакцина.
Иако НБА не наметна задолжителна политика за вакцинација на своите играчи, 90 проценти од играчите се вакцинирани. Но, лигата предупреди дека локалните упатства поставени од Њујорк и Сан Франциско би можеле да им забранат на играчите во тие градови да се натпреваруваат на домашни натпревари оваа сезона, доколку не се вакцинирани.
Меѓу тие играчи се Ирвинг, кој сега игра за Бруклин Нетс со седиште во Њујорк, и Ендрју Вигинс од Голден Стејт Вориорс, кој одби да биде вакциниран поради верска основа.
Легендата на НБА, Карим Абдул-Џабар неодамна во интервју за списанието Ролинг стоун рече дека секој играч кој не е вакциниран треба да биде отстранет од своите тимови.
Американската авиокомпанија Јунајтед Ерлајнс вели дека 97 проценти од нивните 67 илјади вработени лица со седиште во САД, го исполниле мандатот на компанијата да примат барем една доза од вакцината до крајниот рок во понеделникот. Авиопревозникот во вторникот објави дека 593 вработени кои одбиле да ја примат вакцината и не аплицирале за здравствено или верско ослободување – а тоа е помалку од еден процент од работната сила – ќе се соочаат со престанок на работата поради непочитување.
Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.
Facebook Forum