Истражувачите открија дека ковид-19 може негативно да влијае на органот што произведува инсулин, што ги прави некои пациенти поподложни на развој на дијабетес.
Студијата спроведена од научниците од Универзитетот во Сиена, Италија покажува дека вирусот ги напаѓа клетките на панкреасот што произведуваат инсулин, таргетирајќи ензим на површината на тие клетки.
Одделна студија спроведена во Вејл Корнел во Њујорк откри дека ковид-19, исто така, ги напаѓа бета клетките што произведуваат инсулин и ги прави помалку способни да произведуваат инсулин, хормон што го регулира нивото на гликоза во телото.
Ватикан вчера објави дека од петок, 1-ви октомври, сите негови вработени мора да покажат доказ дека се вакцинирани против ковид-19 или да се тестираат и да прикажат негативен тест.
Вработените во Ватикан кои немаат таканаречен „Зелен пасош“, дигитален сертификат базиран на сертификатот за вакцинација против ковид-19 на Европската унија или која било друга легитимна документација, нема да им биде дозволено да влезат во просторот на католичкиот град-држава, ќе се сметаат за „неосновано отсутни“ и нема да добијат плата за време на нивното отсуство.
Ватикан, исто така, не дозволува никакви исклучоци од својот мандат.
Facebook Forum