Американската државна секретарка за финансии, Џенет Јелен, вели дека владата веројатно ќе остане без пари и нема да може да ги плаќа долговите на 18-ти октомври, доколку не биде подигнат прагот на задолжување на земјата.
Предупредувањето беше упатено до лидерите во Конгресот во вторникот.
„Многу е важно Конгресот да се осврне на ограничувањето на задолжувањето. Доколку не го направи тоа, нашата моментална пресметка е дека Одделот за финансии ќе ги исцрпи вонредните мерки до 18-ти октомври. Тогаш ќе имаме многу ограничени средства кои бргу ќе бидат потрошени. Америка ќе банкротира за прв пат во историјата. Довербата и кредитниот рејтинг на Соединетите Држави ќе бидат нарушени, а нашата земја ќе се соочи со финансиска криза и економска рецесија како резултат на тоа“ изјави Јелен.