Линкови за пристапност

Вооружениот напаѓач во Мериленд од 2018-та година осуден на пет доживотни затворски казни


Рамос се изјасни за виновен во октомври 2019-та година за 23 кривични дела, вклучувајќи пет за убиство од прв степен

(Ројтерс) - Судија во сојузната држава Мериленд денес го осуди напаѓачот кој уби пет лица во редакцијата Капитал газет во главниот град Анаполис во 2018-та година на пет доживотни затворски казни без можност за помилување, соопшти канцеларијата на државниот обвинител за округот Ана Арундел.

Поротата во јули утврди дека Жарод Рамос (41) е кривично одговорен за масакрот, еден од најсмртоносните напади врз американските медиум.

Рамос се изјасни за виновен во октомври 2019-та година за 23 кривични дела, вклучувајќи пет за убиство од прв степен, но тврди дека не е кривично одговорен поради менталното нарушување. Поротата ја отфрли неговата одбрана.

Масовното пукање се случи на 28-ми јуни 2018-та година, кога Рамос влезе во редакцијата на весникот во Анаполис и го уби помошникот уредник на весникот, Роб Хиасен (59); новинарите Венди Винтерс, 65, Гералд Фишман, 61, и Џон Мекнамара, 56; како и асистентката за продажба Ребека Смит, 34.

Рамос водеше долга правна битка со весникот за колумна што ја објавија за него, и неговата тужба на крајот беше отфрлена.

Судењето беше одложено неколку пати, делумно поради пандемијата. Доколку поротата утврдеше дека Рамос во тоа време страдал од ментално нарушување, тој би можел да добие казна со која ќе беше одведен во институција за ментално здравје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG