Линкови за пристапност

Фајзер и Бионтек ќе побараат одобрение за вакцина за итна употреба кај деца од пет до 11 години


ФДА претходно ја одобри вакцината за итна употреба кај тинејџери на возраст од 12 до 15 години, додека ја одобри целосно за оние од 16 години и постари

Партнерските производители на вакцини против ковид-19, Фајзер и Бионтек денес изјавија дека официјално ќе побараат одобрение од американската влада за нивната вакцина за итна употреба кај деца на возраст од пет до 11 години.

Компаниите го објавија својот план по поднесувањето на првичните податоци за испитување на вакцината до Администрацијата за храна и лекови на САД минатата недела. Компаниите велат дека податоците од испитувањето во кои учествувале 2.268 луѓе покажале дека вакцината е безбедна и ефикасна за таа возрасна група.

ФДА претходно ја одобри вакцината за итна употреба кај тинејџери на возраст од 12 до 15 години, додека ја одобри целосно за оние од 16 години и постари.

Брзото одобрување од ФДА може да помогне во олеснување на потенцијалниот скок во случаите оваа есен, време кога училиштата веќе се отворија на национално ниво по летниот распуст.

Според Американската академија за педијатрија, инфекциите со коронавирус кај децата ја достигнаа својата највисока точка претходно овој месец.

Децата се помалку подложни на тешки случаи на ковид-19, но здравствените експерти велат дека можат да го пренесат коронавирусот и на другите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG