Линкови за пристапност

Анализа на ИЈЗ: Бројките паѓаат, четвриот бран ја губи силата


Шеесет и девет граѓани вчера ја примиле третата „бустер“ доза од прозиводителот „Фајзер“на вакциналните пунктови низ државата Репородукцискиот број Р нула, конечено падна под еден и е 0.92. Бројката на новозаболени минатата недела е намалена за 36 отсто покажува неделната анализа на ИЈЗ

За една третина е намален бројот на новозаболени изминатата недела покажува анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пад на бројките има во сите категрии – починати, реинфицирани, оздравени и кај процентот на позитивни тестирања, што укажува дека четвртиот бран стагнира. Репородукцискиот број „Р нула“, конечено падна под еден и е 0.92

Во периодот од 20 до 26 септември, регистрирани се 2.934 новозаболени во 32 града низ државата што е за 36,5 отсто помалку посредено со неделата претходно.

Половина од новите случаи се во Скопје а највисока инциценца има во Кратово со 317 заболени на 100 илјади и во Кавадарци со 255 заболени на сто илјади лица.

Повторно најмногу на удар се граѓаните над 60 години со 750 случаи но битно е да се напомене дека кај вкупната популација над 39 години е регистрирано намалување на нови случаи за 17 отсто.

Минатата недела 32 граѓани кои веќе еднаш прележале повторно биле инфицирани со вирусот.

Во посочениот период 108 лица починаа како последница на компликации предизвикани од коронавирус. 90 жртви се над 60 години а најголем број на жртви има во Скопје – 51.

Шеесет и девет граѓани вчера ја примиле третата „бустер“ доза од прозиводителот „Фајзер“на вакциналните пунктови низ државата.

„Бустер дозата ќе го засили имунитетот кај оние кои имаат сосздадено имунитет но нема да ни помогне побрзо да излеземе од епидемијата бидејќи оние кои не се вакцинирале третатат доза не им значи ништо. На оние кои се вакцинирале третата доза им значи нови шест или девет месеци заштита и мир до крајот на пандемијата. Има многу јасни истражувања дека помага по шест месеци кои имунитетот и по примена вакцина и по прележан вирус опаѓа,“, изјави др. Александар Петличковски, директорот на Институтот за имунологија

Заклучно со вчера 784 илјади граѓани примиле барем една доза вакцина, додека целосно со две дози се вакцинирани 716 илјади граѓани. Иако очекувањата беа далеку поголеми досега 46.9 отсто од полнолетното население е вакцинрано барем со една доза.

Убедливо најслаб одзив за вакцинација има во Тетово каде што првата доза е аплицирана кај 33,4 отсто од населението а нависок во неготионо каде што барем една доза на вакцина примиле 65,1 отсто од граѓаните.

Најголем број на аплицирани вакцини се на производителот „Фајзер“ – 565 илјади, потоа „Синовак“ – 467 илјади а најмалку од рускиот „Спутник В“.

Официјалните бројки на здравствените власти, заклучно со вчера, покажуваат дека активни се 12.017 случаи а 6.607 граѓани починаа. Најголем број на активни случаи има во Скопје – 5.629, а потоа следува Куманово со 941 и Тетово со 932 активни случаи.

Според категоризацијата на ризикот на СЗО, Македонија се наоѓа во фаза на широка трансмисија со умерени капацитети за одговор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG