Американскиот претседател Џо Бајден ја прими третата доза на вакцина против ковид-19 денес, неколку дена откако неговата администрација одобри трета доза од вакцината на Фајзер за одредена популација.
Пред да ја добие вакцината пред камера, Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека „засилувачите се важни, но најважното нешто што треба да направиме е да се вакцинираат повеќе луѓе“.
Тој рече дека 77 отсто од возрасната популација во САД примиле барем една доза вакцина против коронавирус.
„Една четвртина од земјата не може да остане невакцинирана“, рече тој.
Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) минатата недела ги одобрија засилувачите за три категории Американци: оние на возраст од 65 години и постари; работници во првите редови како што се наставници, здравствени работници и други чии работни места ги ставаат во ризик да се заразат со ковид-19 и оние на возраст од 50 до 64 години со основни услови.
Третата доза е достапна за оние кои ја примиле вакцината Фајзер пред најмалку шест месеци. Белата куќа во петокот соопшти дека 20 милиони Американци се подобни за вакцинирање веднаш, додека 60 милиони приматели на „Фајзер“ ќе имаат право на засилувачи откако ќе достигнат шестмесечна граница.
Бајден ја доби својата прва доза од вакцината „Фајзер“ во декември, а втората во јануари, пред да положи заклетва.
Во коментарите од Белата куќа во петокот, Бајден ги охрабри оние што ги исполнуваат условите да добијат дополнителна доза вакцина.
„Како вашата прва и втора доза, така и третата доза е бесплатна и лесно достапна“, рече тој.
На прашањето за ставот на СЗО денес, Бајден рече дека Соединетите држави „прават повеќе од сите други нации заедно“ за да испорачаат вакцини во земјите низ светот.
Бајден минатата недела објави дека САД испорачале уште 500 милиони дози од вакцината „Фајзер“ за меѓународни донации, со досега вкупно една милијарда дози во текот на следната година.
ФДА се’ уште не ја разгледала употребата на засилувачи од производителите на лекови Модерна или Џонсон и Џонсон.
Европската унија минатата недела рече дека планира да одлучи на почетокот на октомври дали ќе ја одобри третата доза на вакцината Фајзер за постари од 16 години.
Facebook Forum