Линкови за пристапност

Убиствата во САД се зголемија за речиси 30 отсто во 2020-та година, објави ФБИ


Иако бројот на убиства и прекршоци за убиство од небрежност се зголеми, ФБИ соопшти дека бројот на разбојништва е намален за 9,3 проценти

Убиствата во САД се зголемија за речиси 30 проценти минатата година во споредба со 2019-та година, дел од севкупниот пораст на насилниот криминал во земјата, објави во понеделникот Федералното биро за истраги ФБИ.

Во својот годишен извештај за статистика на криминалот, ФБИ соопшти дека минатата година во САД биле извршени скоро 1,3 милиони насилни злосторства, што е за 5,6 проценти повисока во однос на 2019-та година и првпат оваа бројка се зголеми во последните четири години. Пријавени се речиси 18 илјади убиства, соопшти ФБИ.

ФБИ соопшти дека се извршени повеќе од 6,4 милиони кривични дела поврзани со имот, што е за 7,8 проценти помалку од претходната година.

Иако бројот на убиства и прекршоци за убиство од небрежност се зголеми, ФБИ соопшти дека бројот на разбојништва е намален за 9,3 проценти и силувањата за 12 проценти, додека проценетиот број на тешки прекршоци за напад се зголемил за 12,1 проценти.

ФБИ соопшти дека бројот на кражби се намалил за 7,4 проценти, но кражбите на моторни возила пораснале за 11,8 проценти.

Колективно, жртвите на имотни злосторства, без да биде тука вклучен пожарот, претрпеа загуби проценети на 17,5 милијарди долари во 2020-та година, се вели во извештајот. Агенциите за спроведување на законот низ САД минатата година уапсија 7,6 милиони луѓе, исклучувајчи ги оние за сообраќајни прекршоци, се наведува во извештајот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG