Линкови за пристапност

Социјалдемократите освоија најмногу гласови на германските избори


Ангела Меркел се повлекува од функцијата по 16 години како канцеларка, но тоа може да потрае и неколку недели до изборот на нејзиниот наследник

Денешните прелиминарни резултати покажаа дека германските левоцентристички социјалдемократи го освоија најголемиот дел од гласовите на националните парламентарни избори во Гереманија, додека партиите се борат за да видат кој ќе ја наследи канцеларката во заминување Ангела Меркел.

Социјалдемократите добија 25,7 отсто од гласовите во неделата, додека 24,1 отсто за десноцентристичката Христијанско-демократска унија на Меркел.

Државниот гувернер Армин Лашет од конзервативниот блок ЦДУ и министерот за финансии во заминување и вицеканцелар Олаф Шолц од Социјалдемократите се борат да станат лидер на најголемата европска национална економија, бидејќи Меркел се повлекува по 16 години како канцеларка на Германија.

Секој од нив изјави дека ќе посегне по помалите партии за да се обиде да формира владина коалиција со цел да има нова влада во функција пред крајот на годината.

Главните цели за поддршка ќе бидат партијата на зелените, која заврши на третото место со 14,8 отсто и Слободните демократи кои завршија на четвртото место со 11,5 отсто.

Меркел ќе остане на привремената функција додека не биде избран нејзиниот наследник.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Агенција Франс Прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG