СКОПЈЕ – Вечерва на полноќ стратува кампањата за шестите локални избори. Владеачката СДСМ тргнува од Битола, опозициската ВМРО - ДПМНЕ традиционално од Охрид, ДУИ од Гостивар, Алијанса на Албанците/Алтернатива и Беса од главниот град - Скопје. Кампањата ќе трае 20 дена и завршува на 15 октовмри на полноќ кога настапува изборниот молк пред првиот круг на 17 октомври. Во оние општини каде што нема да се избере градоначалник во првиот круг, ќе има повторно гласање – втор круг кој ќе се одржи на 31 октомври.
Во трката за градоначалничката фотеља во 80 општини и Град Скопје учествуваат 301 кандидат со апсолутно мнозинство на машкиот пол. Само 26 кандидати се жени. Независни кандидати има уште помалку – 24. Најмногу кандидати има во Скопје – 12. Скопјани ќе избираат меѓу две жени, двајца адвокати, двајца музичари, хирург и бизнисмени. Потоа следува Струга со 8 кандидати за градоначалник.
Во Државната изборна комисија (ДИК) потврдени се 567 листи за советници со вкупно 10.600 кандидати. Повторно најмногу се во Скопје – вкупно 15 листи. Во другите градови најмногу кандидати за градоначалници из а советници се поднесени за Струга,Битола, Куманово, Прилеп. Партиите во овој случај внимавале на половата застапеност па на листите 44 отсто кандидати се жени. Најголем дел од кандидатите за советници се на возраст од 36 до 45 години.
ДИК го заклучи Избирачкиот список и на 17 октомври ќе може да гласаат 1.824.864 граѓани. Во посебните извори на списокот се наоѓаат 82 461 лице кои се на привремена работа или престој во странство, 1899 лица кои се на издржување затвор или се во притвор, 351 гласач во вонсемејно сместување и 6 раселени лица. На денот на изборите неколку илјади граѓани кои се позитивни на коронавирус или во изолација ќе имаат можност да го остварат своето право на глас од дома под посбени ковид протоколи.
Новитет на овие избори е што за прв пат ќе се користат терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите.
Партиите и кандидатите за градоначалници го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори со кој се обврзуваат дека нема да вршат притисок врз вработените во јавната и државната администрација или во институции и установи финансирани од државниот буџет.
Facebook Forum