Линкови за пристапност

Вакцинираните со Фајзер да примат трета доза, со Модерна се’ уште се заштитени од сериозни болести


Претседателот Бајден рече дека милиони Американци кои примиле вакцини на произведителот Модерна или Џонсон и Џонсон се’ уште се заштитени од сериозни болести и засега нема потреба од трета доза, додека они со Фајзер на кои поминале шест месеци од втората вакцина, да го направат тоа веднаш

Претседателот Џо Бајден денес ги повика Американците што ги исполнуваат условите да добијат трета доза на вакцина против ковид да го направат тоа што е можно побрзо.

Пораката на претседателот доаѓа еден ден откако американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) го објави одобрувањето на третата доза на вакцините за некои лица кои примале вакцина Фајзер пред најмалку шест месеци.

ЦДЦ ги одобри како што ги нарекува засилувачите или бустерите за лица на возраст од 65 или постари, како и работниците во првите редови, како што се наставници, здравствени работници и други, чии работни места ги ставаат под ризик да се заразат со ковид, како и другите лица на возраст од 50 до 64, со основни услови.

Од Белата куќа, Бајден рече дека одобрувањето значи дека околу 60 милиони Американци ги исполнуваат условите за трета доза, откако ќе поминат шест месеци од нивната втора доза на вакцината Фајзер. Тој рече дека исто како и првичните вакцини, бустерите ќе бидат бесплатни и лесно достапни.

Претседателот рече дека милиони Американци кои примиле вакцини на произведителот Модерна или Џонсон и Џонсон се’ уште се заштитени од сериозни болести и рече дека врвните доктори и научници во нацијата ги разгледуваат податоците од тие вакцини во врска со тоа дали и кога може да има потреба од трета доза.

Бајден, исто така, уште еднаш ги повика 70-те милиони невакцинирани Американци да се вакцинираат. Тој рече дека невакцинираните луѓе му нанесуваат штета на здравствениот систем на САД со пренатрупаност на болниците, спречувајќи ги другите лица да примаат третман за други заболувања. Тој, исто така, рече дека тие го забавуваат економското закрепнување на земјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG