Линкови за пристапност

Лидерите од САД, Австралија, Јапонија и Индија ќе се сретнат денес во Вашингтон


Лидерите ќе разговараат за соработка во индо-пацифичкиот регион наспроти зголеменото влијание на Кина

Лидерите на САД, Јапонија, Австралија и Индија ќе се сретнат лично денес во Вашингтон за да разговараат за соработката во Индо-Пацификот наспроти зголемената моќ на Кина во регионот.

Лидерите на четиристраниот безбедносен дијалог, или четворка - американскиот претседател Џо Бајден, премиерот Скот Морисон од Австралија, премиерот Нарендра Моди од Индија и премиерот Јошихиде Суга од Јапонија - се состанаа претходно во март, но за денес го означија нивното прво соочување на самит лице в лице.

„Четворицата лидери ќе бидат фокусирани на продлабочување на нашите врски и унапредување на практичната соработка во области како што се борбата против ковид, решавање на климатската криза, партнерство за новите технологии и сајбер-простор и промовирање на слободен и отворен Индо-Пацифик“, рече портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Кина постојано гради воени постаници во регионот и ги користи за да ги контролира виталните морски патеки.

Состанокот во Вашингтон доаѓа во пресрет на неодамна објавениот договор меѓу САД, Велика Британија и Австралија за снабдување на Австралија со нуклеарни подморници. Договорот ја налути Франција со потфрлање на договорот што го имаше со Австралија за снабдување со дизел подморници. Франција во знак на протест ги отповика своите амбасадори и од САД и од Австралија.

Кина го осуди договорот, нарекувајќи го штетен за регионалниот мир.

Состанокот „Квад“ доаѓа и во услови на посилен дијалог од страна на САД и нивните сојузници за поддршка на Тајван, кој Кина го смета за непријателска провинција и обновениот напор на Европската унија да го „зајакне“ своето поморско присуство во регионот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG