Линкови за пристапност

Политичките партии потпишаа кодекс за фер и демократски избори


Потпишан кодекс за фер и демократски избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:40 0:00

Потребата од фер избори била една од темети на разговор меѓу вицепремиерот Артан Груби и заменикот шеф на американската амбасада, Ерик Мејер

Во пресрет на локалните избори и непосредно пред стартот на кампањата политичките партии потпишаа кодекс за фер и демократски избори. Со тоа, партиите најавувуваат демократски изборен процес во кој ќе се почитуваат основните права и слободи и одржување транспарентни и отчетни избори.

Со својот потпис, учесниците во изборниот процес се обврзаа да го почитуваат законот, да не ги користат државните капацитети и потенцијали, како и за фер натпревар и еднаквост во кампањата. На настанот, што се одржа во соработка со Државната Изборна Комисија, Советот за етика во медиумите и Националниот демократски институт (НДИ), и медиумите потпишаа повелба за етичко известување за изборната кампања.

„Денешниот чин е настан во кој учесниците на изборите ќе се придржуваат до кодексот за фер избори. Сите учесници во изборите, со своите активности, го поставуваат фундаментот на демократијата и придонесуваат за изградба на довербата во изборниот систем“, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Потребата од фер избори била една од темети на разговор меѓу вицепремиерот Артан Груби и заменикот шеф на американската амбасада, Ерик Мејер. „Груби го извести Мејер дека веќе се направени сите подготовки за организирање на овие избори и дека тие ќе се одржат во демократски и европски дух“, се вели во соопштението на кабинетот на вицепремиерот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG