Линкови за пристапност

Здравствените власти одлучија - ќе има трета доза вакцина против Ковид 19


Здравствени работници, граѓани над 60 години и тешко болни се првите кои веќе од наредната недела ќе може да ја добијат „бустер“ дозата на „Фајзер“. Наредниот месец почнува и скриниг во училиштата за точно да се утврди трансмисијата меѓу учениците и кадарот

СКОПЈЕ –Комисијата за имунологија предложи, здравствените власти прифатија. Трета или т.н. „бустер“ доза се воведува и во Северна Македонија. Ќе се користи вакцината на производителот „фајзер“ без разлика на типот на двете дози вакцини кои претходно биле аплицирани. Први кои што ќе може да се вакцинираат по трет пат ќе бидат здравствените работници, граѓаните над 60 години и граѓаните со тешки болести и трансплантации. За да може да ја примат третата доза треба да бидат поминати најмалку 6 месеци од ревакцинацијата.

Процесот ќе оди преку „Мој термин“, нема да биде со закажување туку со известување на граѓаните преку СМС порака на нивните телефони. Првите пораки ќе почнат да се испраќаат од понеделник.

„Согласно препораките на Американска агенција за лекови и ЕМА, како и анализите на кои се работеше во изминатиот период за тоа кои лица треба да примат трета доза вакцина, Комитетот за имунизација донесе одлука околу трета „бустер“ доза. Сите граѓани постари од 60 години, здравствени работници независно од возраста и пациентите кои имаат трансплантации, на дијализа или имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, по 6 месеци од извршена комплетна вакцинација, ќе добијат трета доза на вакцина“, соопшти министерсот за здравство Венко Филипче.

„Малата трансмисија“ и ниските бројки на целосно вакцинирани ученици се пшричимната поради која здравствените власти најавуваат скриниг во основните и средните училишта кој ќе се спроведе во октомври со брзи „рапид“ тестови.

Иако и образование и здравство моменталната состојба ја оценуваат како стабилна, посочуваат дека голем дел од младите минуват без симптоми и се трансмитери на вирусот.

Иако уште во јули стартуваше процесот на имунизација на учениците од 12 до 18 годишна возраст, со дозвола од родителите, досега целосно вакцинирани со две дози се околу четири илјади деца.

„Фактот што најголем дел од младите на таа возраст го поминуваат вирусот асимптоматски, упатува на потребата од вакво тестирање да се види реалниот број на заразени во училиштата и да се процени точно ризикот. Она што е важно дека засега состојбата во училиштата е стабилна, но ваквото тестирање ќе ни даде точни информации и сознанија за понатамошен менаџмент на пандемијата и обрзованието“, објасни Филипче.

Методологијата по која ќе се врши скринингот во моентов се утврдува, а здравствените власти најавуваат дека ќе ја соопштат наредната недела.

Од Министерството за образование пак соопштија дека процентот на заболени на дневна база варира од 0,01 отсто до 0,03 отсто од вкупшната бројка на ученици која избесува 240 илјади. Досега целосно вакцинирани се 72 отсто од вработените во градинките и училиштата.

Процесот на вакцинација продолжува а вчера се вакцинирани 7.518 граѓани од кои 1.624 граѓани ја примиле првата доза. Досега вакцинирани се 778 илјади граѓани од кои 704 илјади се целосно со две дози.

„Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, соопштија од министерството за здравство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG