Линкови за пристапност

Администрацијата за храна и лекови на САД, одобри трета доза од вакцината на Фајзер


Овластувањето најверојатно ќе го отвори патот за гласање денес од страна на советодавниот комитет на Центрите за контрола и превенција на болести

Администрацијата за храна и лекови на САД, одобри трета доза од вакцината на Фајзер за Американци од 65 години и постари како и за возрасни лица со висок ризик од тешка болест.

Со одлуката, се одобрува и засилувач за лица во одредени професии, како што се здравствени работници, наставници, вработени во самопослуга како и за бездомници или затвореници.

Овластувањето најверојатно ќе го отвори патот за гласање денес од страна на советодавниот комитет на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Панелот на ЦДЦ се состана вчера за да разговара за тоа кој треба да биде прв во редот да ја прими третата доза на вакцината - контроверзна одлука која доаѓа повеќе од еден месец откако претседателот Џо Бајден првпат објави планови за администрирање засилувач осум месеци по втората доза.

Научниците истакнаа дека главната грижа на земјата сепак треба да биде вакцинирање на оние кои не примиле воопшто вакцина.

Нешто повеќе од 55 отсто од Американците се целосно вакцинирани, според ресурсниот центар за коронавирус Џон Хопкинс. Како што продолжува да се шири високо преносливата варијанта на делта, САД ги бележи своите најголеми дневни жртви од вирусот од март.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG