Линкови за пристапност

Бајден денес треба да одобри уште 500 милиони вакцини за земјите во развој


„За секоја вакцина во САД, донираме три вакцини на глобално ниво“, напиша државниот секретар Антони Блинкен на Твитер

Американскиот претседател Џо Бајден денес треба да одобри уште 500 милиони дози на вакцини против ковид-19 за земјите во развој во текот на следната година.

Соединетите држави претходно испратија повеќе од 500 милиони дози произведени од Фајзер до земјите во развој до крајот на јуни следната година. Тоа ќе бидат вкупно една милијарда дози на вакцината против ковид.

„За секоја вакцина во САД, донираме три вакцини на глобално ниво“, напиша државниот секретар Антони Блинкен на Твитер денес пред да биде објавена веста.

Бајден треба да објави донација на дополнителни дози, исто така од Фајзер, на виртуелен самит за ковид на маргините на ОН.

Се очекува Бајден да ја прифати целта на Светската здравствена организација да вакцинира најмалку 70 отсто од светското население во следната година и да ја искористи најавата за да ги охрабри другите побогати земји да ги зајакнат напорите за спречување на пандемијата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во јуни рече дека за постигнување на целта ќе бидат потребни 11 милијарди дози.

Во говорот во ОН, во вторникот, Бајден истакна дека повеќе од 160 милиони дози на САД веќе се дистрибуирани во повеќе од 100 земји, повеќе од сите други нации заедно.

Во текот на минатата година, повеќе од 5,9 милијарди дози беа администрирани на глобално ниво, што претставува околу 43 отсто од светската популација. Но, огромните нееднаквости во распределбата многу земји со помал приход се борат да ги вакцинираат своите најранливи граѓани.

Светските лидери и глобалните организации се повеќе критички настроени кон диспаритетот и бавното темпо на вакцинација. И, покрај ваквиот придонес од страна на Америка, тие се пожалија дека е несоодветен - особено сега кога САД се залагаат за дополнителната трета доза на вакцина за Американците пред ранливите луѓе во посиромашните земји да ја добијат првата доза.

Некои информации во овој извештај беа обезбедени од Асошиетед прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG