Линкови за пристапност

Светот мора да работи заедно како никогаш досега, рече Бајден од ОН


Тој истакна дека САД е „повторно на маса на меѓународните форуми, особено на Обединетите нации

Претседателот Џо Бајден вели дека светот мора да работи заедно како никогаш досега за да се соочи со глобалните предизвици.

Обраќајќи се пред Генералното собрание на ОН, за првпат како шеф на американската држава, Бајден рече „Нашата безбедност, нашиот просперитет и нашите слободи се меѓусебно поврзани како никогаш досега“.

Тој истакна дека САД е „повторно на маса на меѓународните форуми, особено на Обединетите нации“.

Тој став е во директна спротивност со доктрината „Прво Америка“ на неговиот претходник, Доналд Трамп.

За прашањето за воената сила, Бајден рече: „Американската воената моќ мора да биде нашата алатка во краен случај, а не наша прва опција и не треба да се користи како одговор на секој проблем што го гледаме низ целиот свет“.

Годишниот настанот во ОН е можност сите 193 членки да разговараат за предизвиците од регионалното и глобалното значење.

Бајден во понеделникот вечерта отпатува за Њујорк на лична средба со околу 100 шефови на држави во ОН. По својот денешен говор, тој ќе има одделни средби во Њујорк и со австралискиот премиер Скот Морисон, а подоцна во текот на денот и со британскиот премиер Борис Џонсон во Белата куќа.

Минатата недела, трите нации објавија пакт за безбедност што ќе обезбеди американска нуклеарна технологија за подморници и британска поморска експертиза за Австралија за да и помогне на земјата да се спротивстави на заканите во индо-пацифичкиот регион. Аналитичарите гледаат на овој потег како обид да се спротивстави на зголеменото влијание на Кина во регионот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG