Линкови за пристапност

Два извештаи треба да ги лоцираат причините и одговорноста за трагедијата во Тетово


Увидите завршија а сега се вештачат собраните материјални докази како и обемната документација за модуларната болница. Истраги водат и Јавното обвинителство и Обвинителството за гонење на организиран криминал кое се фокусира на тендерската документација.

СКОПЈЕ – Дванаесет дена по трагедијата во модуларната болница во Тетово во која животот го загубија 14 лица нема официјални информации за причините и евентуалната одговорност. Увидите завршија а сега се вештачат собраните материјални докази како и обемната документација за модуларната болница. Истраги водат и Јавното обвинителство и Обвинителството за гонење на организиран криминал кое се фокусира на тендерската документација.

Премиерот Зоран Заев најави дека очекува до крајот на оваа недела македонските истражни органи да го објават прелиминарниот извештај додека на извештајот на германските форензичари ќе се чека 10 до 15 дена.

„Не само заради тоа што јас ги чекам одговорите за да дадам свој став по повод поднесените четири оставки, поважно е тоа што граѓаните бараат одговор, што всушност се случило, кои се причините или слично, така што јас лично ако прашате како премиер кога очекувам – очекувам до крајот на оваа недела да излезат извештаите. А, дали ќе биде така или не најверојатно за тоа ќе каже републичкиот обвинител и надлежниот обвинител“, изјави Заев.

Тој повтори дека во зависност од резултатите од истрагата ќе одлучи дали ќе ги прифати оставките на министерот Венко Филипче, заменик министерот Илир Хасани и раководниот кадар во тетовската болница.

„Го разбирам гневот и болката која е голема кај сите, но не може едноставно да се разрешуваат министри, Влада, Парламент, па дури и цел народ заради оваа болка. Мораме да водиме грижа прво, за суштината и причините на тоа што се случило. Второ, мора да знаете што после тоа. Ќе учите, некој уште шест месеци да навлезе, да менаџира со короната, со болницата во Тетово, со секој соодветно? Мора да ги дадете соодветно одговорите. Кога ги давате соодветно одговорите мора да ги имате влезните информации до крај за да можете како премиер да го кажете својот став. Ако ги вратиме животите на овие 14 луѓе, не само што ќе си дадеме оставки сите, ќе заминеме и нема да се вратиме во политиката само да се вратат овие луѓе, а тоа е невозможно“, рече Заев.

Вo меѓувреме со огласија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) од каде соопштија дека извршиле надзор во сите модуларни болници ни здржавата во кој не биле утврдени никакви недостацои и пропусти во работата или поставеноста.

„Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал ; лекари (специјалисти и специјализанти)и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти“, стои во официјалната информација на инспекторатот.

Во последните 24 часа регистрирани се 154 нови случаи а 12 пациенти починаа.

Според последните официјални информации на здравствените власти активни се 12.786 случаи. Најголем број се во Скопје 5.833 а потоа се Тетово со 994, Куманово со 904, Охрид со 667 и Струга каде има 638 заболени.

Црниот биланс расте а двоцифрените бројки на починати продолжува. Од почетокот на епидемијата како последици на компликации предизвикани од коронавирусот починаа 6.472 граѓани.

Анализите на надлежните покажуваат дека бројките за заболени се намелени за речиси 40 отсто споредено со подлените две недели во август а кога стнува збор за образовниот процес, засега состојбата е под контрола и физичката настава продолжува.

Заклучно со вчера 767 илјади граѓани примиле барем една доза на вакцина, а целосно со две дози се ревакцинирани речиси 668 илјади граѓани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG