Линкови за пристапност

Пелоси во Лондон ја предупреди Британија за прекин на мировниот договор со Ирска


Пелоси рече дека какви било значајни промени во договорите без разлика од која страна доаѓаат, ќе го направат билатералниот трговски договор со Британија „проблематичен“

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денес ја предупреди Велика Британија дека поништувањето на мировниот договор за Северна Ирска, најверојатно ќе ги поткопа преговорите за билатерална трговска спогодба со САД, по Брегзит.

Пелоси од Лондон изјави дека ова не e закана, туку предвидувањe.

Потпишани во 1998-мата година меѓу ирската и британската влада, мировните договори помогнаа да се стави крај на 30-годишното насилство. Дел од тој договор дозволи „мека граница“ помеѓу Северна Ирска и Република Ирска, што овозможува стоките и услугите лесно да поминуваат меѓу двете земји.

Кога Велика Британија ја напушти Европската унија претходно оваа година, страните се согласија да ја задржат отворената копнена граница помеѓу Северна и Ирска, која останува членка на ЕУ. Меѓутоа, тоа бараше да се воведат царински проверки за стоки што се движат меѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија.

Соочувајќи се со внатрешно противење на тие проверки, Велика Британија сака повторно да преговара за договорот, но ЕУ досега одбиваше.

САД кои одиграа клучна улога во обезбедувањето на историската спогодба од 1998-ма година, ја предупредија Британија да не прави ништо за да го поткопа мировниот договор.

Пелоси рече дека какви било значајни промени во договорите без разлика од која страна доаѓаат, ќе го направат билатералниот трговски договор со Британија „проблематичен“.

Некои информации во овој извештај беа обезбедени од новинските организации Асошиетед прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG