Бајден се обрати од Белата куќа денес зборувајќи на неколку теми меѓу кои и најсензитивните теми поврзани со пандемијата и данокот на богатите во САД.
Бајден вели дека 99 проценти од луѓето од работничката класа ги плаќаат даноците што ги должат, но дека тој еден процент „играат по сопствени правила“.
Ваквата ситуација носи 160 милиони американски долари помалку секоја година за даноци во државната каса што не се плаќаат.
Бајден бара од корпорациите „да го платат својот фер удел“. Ова се однесува на најбогатите корпорации кои не плаќаат федерален данок на доход.
Бајден рече дека ќе го зголеми финансирањето на банкарите и сметководителите за да ги следат богатите корпорации колку пари заработуваат и колку на крајот од годината ќе бидат должни да платат данок.
Во врска со пандемијата, Бајден се осврна на одбивањето на неговите прописи за вакцинација главно од републиканските политичари. Тој рече дека некои држави чии службеници се против ковид вакцинацијата, имаат најстроги правила за децата кои примаат други врсти на вакцини, за да можат да посетуваат настава.
„Одбивам да се предадам“, вели Бајден.
Бајден вели дека ставањето под контрола на пандемијата се’ уште е негов главен приоритет, поставувајќи минатата недела нови прописи за вакцинација.
Facebook Forum