Линкови за пристапност

Заев: Косово е еден од главните извозни партнери за нашата економија


Средба Заев-Курти
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Вкупна трговска размена во 2020 била 305 милиони долари 2020. Само во првиот квартал оваа година трговската размена е 130,2 милиони долари

11 потпишани билатерални договори и меморандуми и пораки за добрососедство и взаемна поддршка – тоа е епилогот од денешната заедничка владина седница меѓу Северна Македонија и Косово – прва во историјата на двете земји. Економската соработка беше во фокусот на состаноците во Скопје. Договорено е поврзување на автопатите од двете страни на границата кај преминот Блаце, изградба на пат Тетово-Призрен, инфраструктурно поврзување на скијачките центри Попова Шапка и Брезовица. Приштина е еден од најважните трговски партнери на Скопје.

„Во оваа размена остваруваме значаен суфицит во наша полза, со што Косово е еден од главните извозни партнери за нашата економија. Вкупна трговска размена во 2020 била 305 милиони долари 2020. Само во првиот квартал оваа година трговската размена е 130,2 милиони долари и очекуваме годинава да поминеме 400 милиони долари севкупна трговска размена меѓу двете земји“, рече премиерот Зоран Заев.

Заедничката владина седница, косовскиот премиер ја нарече историски момент. Изрази сочувство за трагедијата во тетовската болница и најави зајакнување на соработката меѓу двете земји на сите нивоа.

„Ние ги покривме темите кои ги засегаат нашите граѓани и да имаме база која ќе се темели на најдобрите европски и демократски практики. Како земји со исти цели за евроинтеграција сфаќаме дека борбата со организираниот криминал и корупција се важен предуслов и затоа е важна прекуграничната соработка“, изјави премиерот на Косово, Албин Курти.

За регионалната ситуација и однсоите меѓу Белград и Приштина, Заев ја повтори позицијата на Скопје - дека треба да има дијалог и разговори кои ќе резултираат со договор.

„Даваме целосна поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово и ќе поддржиме решение прифатливо за две страни, договор кој ќе ја зајакне регионалната соработка и стабилност на целиот Западен Балкан”, додаде Заев.

Според Заев, „Балканот веќе не е буре барут, не е темпирана бомба“. Балканот, како што рече, е Балкан на 21 век, чие заслужено место е меѓу членките на ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG