Гласачите во западната американска држава Калифорнија го отфрлија напорот за отстранување на демократскиот гувернер Гавин Њусом од функцијата.
Речиси 70 проценти од гласачите гласаа „не“ за прекин на неговиот мандат пред време, покажуваат податоците објавени кусо време по затворање на гласачките места во големата с ојузна држава, доцна во вторникот навечер.
Зборувајќи пред новинарите рано во среда, Њусом кажа дека е благодарен на милионите жители на Калифорнија што излегле на гласање.
Отповикувањето беше иницирано од републиканци кои беа лути заради стриктните правила за Ковид-19 воведени од Њусом за време на пандемијата, вклучувајќи затворање на училиштата и рестрикции на малите бизниси како барови и ресторани. Организаторите обезбедија доволно потписи на регистрирани гласачи да изнудат отповикувањето да биде ставено на гласање.
Потенцијалниот пораз во држава доминирана од демократи можеше да биде проблем за Бајден и за конгресните демократи пред легислативните избори на половина на мандатот на претседателот следната година.