Зголемувањето на потрошувачките цени во САД се намали во август, објави во вторникот Одделот за труд, со надеж дека можеби инфлаторните притисоци почнуваат да опаѓаат, бидејќи економијата на земјата продолжува да се опоравува од последиците од пандемијата.
Податоците покажаа дека цените се зголемени за три десетини во август во споредба со јули, со што се прекина осуммесечната серија на зголемена или постојана инфлација.
Во текот на изминатата година, цените во САД се зголемија за 5,3 отсто, мало подобрување во однос на претходните годишни добивки од 5,4 отсто во јуни и јули, што беше највисокото зголемување од 12 месеци од 2008-мата година.
И, покрај тоа, економските претставници на Белата куќа и креаторите на политиката на Федералните резерви и централната банка на земјата, тврдат дека инфлацијата ќе се намали со подобрување на економијата, особено со синџирот на снабдување на потрошувачите производите се подобруваат за да се задоволат барањата на купувачите.
Порастот на новозаразените лица со делта варијантата на коронавирисот, и тоа 150 илјади нови случаи дневно во последниве недели - предизвика нова неизвесност за економијата во САД и подготвеноста на потрошувачите да трошат, без разлика дали станува збор за реновирањата во домот, нов или користен автомобил или патување за одмор.
Во одделен извештај, Бирото за попис на САД во вторникот објави дека просечниот приход на домаќинствата во САД во 2020-та година изнесува 67.500 американски долари, што е намалување за 2,9 отсто од претходната година.
Само 235 илјади нови работни места беа додадени во САД во август, наспроти повеќе од два милиони заедно во јуни и јули.
Facebook Forum