Линкови за пристапност

Меркел: Ветивме дека ќе бидеме блиску до преговорите со ЕУ


Средба Заев-Меркел
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Премиерот Заев нагласи дека единствен прифатлив предлог за нашата земја за надминување на блокадата на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со ЕУ

Последната посета на Балканот како канцеларка Ангела Меркел ја финишираше во Тирана со порака до лидерите во регионот дека нивните земји имаат јасна европска перспектива. На шефицата на германската влада, која по 16 години, ја напушта функцијата јасни и се состојбите и во регионот, на кој му посвети големо внимание, како и во Унијата. И покрај нејзиното големо залагање, токму во времето кога Германија претседаваше со ЕУ, се случи бугарското вето.

„ И, Албанија и Северна Македонија ги исполнија поставените услови за да започнат преговори за членство. За жал, поради бугарското вето, за време на германското претседателство со ЕУ, не можеше да се отворат преговорите со Северна Македонија и со Албанија. Но, ние ветивме дека ќе бидеме блиску до овој процес, бидејќи е вложена многу сила и енергија во него“, рече Меркел.

Токму блокираните евроинтеграции, покрај регионалната соработка и трговската размена, беше една од клучните теми на средбата со македонскиот премиер.

„На билатералната средба со канцеларката Меркел, премиерот ги изнесе позициите на Северна Македонија во однос на потребата за забрзување на евроинтеграциските процеси и за што побрзо решавање на проблемот кој го наметна соседна Бугарија. Премиерот Заев нагласи дека единствен прифатлив предлог за нашата земја за надминување на блокадата на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со ЕУ, со кој се почитуваат заложбите и на двете страни за унапредување на меѓусебните односи и за евроинтегративните процеси во регионот. Канцеларката Меркел се согласи дека ЕУ интеграцијата и на Северна Македонија и на регионот не смее да продолжи да се одложува...“ – се вели во владиното соопштение објавено по средбата на македонската делегација со германската канцеларка во Тирана.

Албанскиот премиер, кој често односот на ЕУ кон Скопје и Тирана го опишува како „Чекајќи го Годо“, денеска порача дека двете земји се заложници на национализмот во Унијата.

„Kога балканските земји беа во конфликт или излегуваа од конфликти, се зборуваше дека процесот на зачленување во ЕУ ќе го ублажи национализмот. Но, денес ние сме заложници на национализмите во ЕУ. Она што денес се случува е заложништво на интегративниот процес од бран на национализам“, рече премиерот на Албанија Еди Рама.

Политичкото наследство кое Меркел го остава во однос на Западниот Балкан е огромно. Таа беше главниот двигател на европските политики на проширување кон овој регион. Таа го инцираше Берлински процес замислен како иницијатива за натамошното проширување на Унијата. По 16 години Меркел, која наскоро ја напушта позицијата канцелар, заминува од Балканот кој се уште е далеку од целонста интеграција во обединета Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG