Линкови за пристапност

Ураганот Николас ослабна во тропска бура


Синоптичарите велат дека постои и шанса за торнадо долж горниот дел на Тексас и југозападниот брег на Луизијана

Националниот центар за урагани соопшти дека ураганот Николас ослабнал во тропска бура, кратко време откако излезе на брегот во јужниот дел на централниот дел на Тексас рано денес, носејќи силен дожд, бура и ветрови кои оставија стотици илади семејства без електрична енергија.

Веб страницата PowerOutage.US, која ги следи американските електрични мрежи и комунални услуги, објави дека 515 илјади корисници останале без струјата рано во вторникот, бидејќи бурата се движела низ југоцентралниот дел на Тексас.

Во соопштението на својата веб страница, локалното претпријатие Центар Поинт Енерџи соопшти дека ја проценува штетата и веќе работи на враќање на електричната енергија во некои области.

Во последниот извештај, бурата донесе ветрови со брзина од околу 95 километри на час, што ја прави силна тропска бура и воден талог кој достигнува 12 до 24 сантиметри додека се движи по североисточна патека надвор од Хјустон во соседната држава Луизијана во текот на денот.

Луизијана се уште не се опоравила од ураганот Ајда, додека се очекува ураганот Николас да донесе дожд помеѓу 15 и 30 сантиметри во регионот.

Синоптичарите велат дека постои и шанса за торнадо долж горниот дел на Тексас и југозападниот брег на Луизијана.

Некои информации за овој извештај беа обезбедени од Асошиетед прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG